Поради трите порази на Евро 2020 летово, на 12. август, на претпоследното рангирање паднавме дури за 10 места (од 62 на 72 позиција на ФИФА ранг листа).
Сега по бледите настапи во продолжението од квалификациите за Светско првенство 2022 во Катар (реми со Ерменија без голови, со Исланд 2:2 и со Романија без голови), селекцијата предводена од новиот селектор Благоја Милевски доживеа нов слаб пласман.
За потсетување, фудбалската репрезентација на Македонија во 2015-та година од 105. место на ранг листа падна на застрашувачките 138-мо и 166-то место, но веќе по 2016-та почна процватот со тогашниот нов селектор Игор Ангеловски и Македонија после историскиот пласман на Европско првенство, се искачи за речиси 100 места и напредуваше многу на ранг листата.
Сега повторно паѓаме.
Врвот и натаму го држи Белгија, пред Бразил, Англија, Франција, Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија и Мексико. Топ 10 го затвора Данска која импресионираше на претходното Европско а блеска и во квалификациите за Мундијал каде нема пораз ниту примен гол.
Блиску пред нас на ФИФА ранг листата се Црна Гора, Бугарија, Албанија, БиХ.
Целосното рангирање тука