Викендов приматот „го добија“ навивачите на МВВ Мастрихт и Рода во Холандија кои го играа дербито на Лимбруг (лимбуршко дерби) во втората холандска лига.
Двата града, Мастрихт и Керкраде припаѓаат на југоистичната провинција Лимбург, со тоа што Мастрихт има население од 121.000 жители, Керкраде (буквално на сама граница со Германија) околу 42.000 жители, а натпреварите меѓу клубовите од овие два града секогаш се жестоки.
Така беше и во саботата вечер кога на стадионот „Де Хезелт“од 20 часот МВВ Мастрихт беше домаќин. Неколку стотици навивачи на Рода пристигнале на стадионот „Де Хезелт“ во Мастрихт каде ги сместиле во аголот, зад едно од корнер знаменцата и тоа во близина со домашните навивачи. Прво разни предмети летале до секој што ќе изведувал аут или корнер, па судијата на кратко го прекинал па го продолжил мечот.
Во 42’ минута навивачките групи почнале да се гаѓаат со бакљи и разни други предмети по што судијата го суспендирал натпреварот:
Lekker onder controle jongens. Moet je nou echt nodig na de wc,hij vliegt hier ergens met attributen💛 #mvvROD pic.twitter.com/off3bouzc9
— Fenna Damoiseaux (@fennadamoiseaux) October 29, 2021
Полицијата со жестока реакција ги раздвоила групите:
#mvvrod #1limburg pic.twitter.com/5Hsp7YKgf9
— Wouter Nelissen (@WouterL1) October 29, 2021
Westrijd stilgelegd. Vuurwerk. Mensen op het veld. #mvvrod #1limburg pic.twitter.com/LGjjggXAex
— Wouter Nelissen (@WouterL1) October 29, 2021
[Keuken Kampioen Divisie]
— 🇫🇷 Foot néerlandais 🇳🇱 (@Foot_NL) October 29, 2021
🛑 Suite à des feux d'artifice tirés des deux sections de supporters sur le terrain, le Limburgse Derby a été suspendu temporairement à la 44e minute !
[🎥: @ESPNnl]#FootNL #MVVRODpic.twitter.com/x0tpBKkNaw
Големи нереди имало и на стадионот на Хераклес во градот Алмело во источна Холандија (150 км од Амстердам) каде гостуваше Ајакс. Мечот заврши 0-0 а навивачите на двата тима се пресметале на трибините
Het ging even goed los in het thuisvak tijdens Heracles - Ajax.. Een grote groep Ajax-supporters op het thuisvak ging de confrontatie aan met de supporters van Heracles die verhaal kwamen halen. (Heracles links, Ajax rechts) #heraja pic.twitter.com/I7YjtNMk87
— Voetbal Ultras (@VoetbalUltras) October 30, 2021
Навивачите на Ајакс со трофеј, одземено знаме од домашните ултраси:
Во меѓувреме, видеа со насилство на стадион стигнаа и од ригорозните Обединети Арапски Емирати. Таму на Светско првенство во крикет (пази ти тоа, општа тепачка на крикет) меѓу Авганистанци и Пакистанци за време на дуелот меѓу нивните селекции:
Општ хаос имаше и во соседна Бугарија. Таму на дербито меѓу омразените ЦСКА Софија и Локомотив Пловдив се степале навивачите на двата тима:
Навивачки дивеења имаше и во соседна Србија. Во Крагуевац каде Црвена Звезда гостуваше кај Раднички, домашните навивачи „Црвени ѓаволи“ пред стадионот се судриле со навивачите на Звезда:
Ризично било и во Бразил каде гневните навивачи на Гремио (матичен клуб на Роналдињо), после поразот дома 1-3 од Палмеираш упаднале во терен и ги нападнале своите играчи. Гремио е претпоследен на табелата во Бразил и само чудо може да го спаси од испаѓање во втора лига.