Како навивачите на Бока го прославија роденденот на Диего

Аргентинските, а посебно навивачите на Бока со право важат за најстраствени на свет. Искрена емоција, љубов кон клубот без оглед на сè. Така беше и на одбележувањето на 61. роденден на вечниот Диего Армандо Марадона кој го напушти светот пред неполна година.

Бока Јуниорс во саботата вечер играше меч од домашно првенство против Химнасија. Илјадници навивачи на гигантот од Буенос Аирес, од разни краеви на градот се упатиле кон култната „Ла Бомбонера“ да го одбележат роденденот на најголемата икона на нивниот клуб, Марадона:

Аргентинскиот фудбал, односно 19. коло од Торнео во целост беше посветено на роденденот на Диего, па на многу стадиони во 10. минута се одбележа овој датум.

Во 10. минута од натпреварот со Химнасија судијата ја прекина играта со цел играчите, навивачите, резервните клупи, сите присутни да оддадат почит на својот сакан Диего, на таканаречениот ден на фудбалот, 30 октомври, денот кога е роден Марадона.

Местото на Диего Марадона во ложата на стадионот „Ла Бомбонера“ од каде легендата често со пура во раце и дрес на себе, ја бодреше Бока со своите ќерки:

На стадионот сè беше во знакот на Диего:

Една од ќерките, Далма, која уште од мала беше со својот татко на „Бомбонера“. Пред мечот доби голема слика со дресот на Диего

Подоцна се врати на омиленото место на Диего и не се воздржи:

Трибините и фамозната  La 12 во свој стил му го честиташе роденденот на нивниот најсакан идол:

На мечот Естудиантес - Ривер Плејт во 10’ минута судијата досудил краток прекин за да се одбележи датумот 30 октомври роденден на Диего:

 

1 ноември 2021 - 08:32