Аргентинските, а посебно навивачите на Бока со право важат за најстраствени на свет. Искрена емоција, љубов кон клубот без оглед на сè. Така беше и на одбележувањето на 61. роденден на вечниот Диего Армандо Марадона кој го напушти светот пред неполна година.
Фудбалот наскоро ќе остане и без еден од најголемите асови на оваа игра. Човекот кој можеби од сите познати ѕвезди имал најтешко детство, растен без убиениот татко и мајка му која го оставила како бебе.
„Марадона со десетката, Марадона ја носи десетката, ама он е број еден, он е капитен на Бока“ (“Maradona con la diez, el capitan de Boca.”), вели коментаторот пред единствениот меч на кој Диего не беше права "10-ка" на теренот во дресот на Бока.
Во големото дерби од 1/8 финале на Копа Либертадорес, Бока на гости го совлада бразилски Интернасионал со 0:1. Голот го даде Карлитос Тевез во 63' минута, а при прославата го соблече својот дрес и под него го носеше легендарниот кој Марадона го носел во Бока во 1981-ва.
Во меч на два поранешни клуба на Марадона во аргентинскиот лига Куп (од 25 ноември Куп Диего Армандо Марадона), Бока со 2-0 го победи Њуелс. Едвин Кардона ги постигна двата гола кои играчите му ги посветија на Диего пред ќерка му.