На 24 август 1997-ма година, во аргентинското првенство Торнео Апертура, Диего Марадона со капитенска лента, пред 50.000 гледачи на „Бомбонера“ ја поведува Бока против Аргентинос Хуниорс.
А број 9 носи младиот Хуан Роман Рикелме, идниот идол на навивачите на Бока кој по љубовта од нив е веднаш зад Диего. Рикелме само што наполнил 19 години и пред него било целото време на светот да докаже зошто е легитимен наследник на големиот Диего.
Тоа бил единствен натпревар на кој двајцата како стартери се нашле на терен. Диего и Рикелме се надополнувале одлично. На полувреме Бока водела 2-1, а на крајот мечот завршил 4-2 со два погодоци на Диего и магија на Рикелме. Иронично, после мечот Диего и Рикелме биле подвргнати на допинг тест на кој резултатите на Марадона биле позитивни на кокаин и тој бил суспендиран.
На 25 октомври 1997 години се одигра последниот меч во неверојатната кариера на Диего Марадона (37) и тоа мега дерби против најголемиот ривал во кариерата на негов терен: Ривер Плејт пред 60.000 жестоки навивачи на „Монументал“. Ништо поубаво за крај на една величествена одисеја.
Пет дена подоцна Марадона објави дека заршува со фудбалот.
Домаќинот истрчал на терен со ведети како Бургос, Бериѕо, Ајала, Диего Пласенте, Монсерат, Берти, Астрада, Марсело Салас, Гаљардо.
Во составот на Xeneizes, таа сезона освен Диего биле уште и Мартин Палермо, Валтер Самуел, Клаудио Каниџа, Нолберто Солано, а на неговиот последен меч од нив играле Кордоба, Солано, Палермо, Аруабарена, Торесани, Кања, Латоре...
Диего одиграл 45 минути и бил заменет на полувремето со Клаудио Каниџа. Од клупата за резерви влегува и младиот Рикелме кој не се нашол на терен одново со Марадона.