- Бугарското Министерство за надворешни работи подготвува нов предлог за позицијата на Софија во однос на Македонија по „црната“ кампања на СДСМ против Данела со бугарското државјанство на новата градоначалничка на Скопје.
- Според бугарското МНР со оваа кампања е прекршен член 11 став 6 од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија.
- Во членот 11 став 6 од Договорот се вели дека „двете договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи“.
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната во Средоземно Море, откако Киев потврди дека нападнал два руски брода кај либиското пристаниште Бенгази.
- Украински беспилотни летала во неделата нападнаа руски воен брод закотвен во пристаништето во Бенгази, како и трговски брод што плови под малтешко знаме, во близина на брегот. Повредени беа десет лица.
- „Го знаете мојот став за Украина, но војната не смее и не може да биде проширена во Медитеранот. Мораме да бидеме јасни со нашите украински пријатели, како што бевме јасни со нашите партнери“, изјави Мелони пред самитот на лидерите на ЕУ за буџетот на Унијата за периодот од 2028 до 2034 година.
- Мелони оцени дека ЕУ треба да продолжи да ѝ помага на Украина да се брани, но додаде дека Италија истовремено мора да ги штити своите граници и граѓани. Овој став јасно му го пренела на украинскиот претседател Володимир Зеленски.