- 18 месеци немаме амбасадор во Софија, туку конзул и в.д. амбасадор со ограничени надлежности.
- До пред неколку месеци трите институции што се директно вклучени во преговорите и договорите за пополнување на амбасадорските места велеа дека се водат разговори. Сега не велат ништо, просто ќутат.
- Тоа во реалноста, на сајтот на МНР се уште имаме амбасадор во Бугарија, истиот Ѓорчев што се врати на 31 март 2020.
- Трите најголеми италијански мафијашки групи формирале нов сојуз, кој ја засилил соработката со албанската мафија за трговија со дрога. „Најновите истраги открија стабилни и стратешки односи меѓу организации од Калабрија со Албанците“, изјави Никола Пјаченте, главниот обвинител на Џенова.
- Сицилијанската Коза ностра, калабриската Ндрангета и неаполската Камора ја препознале штетата од меѓусебните војни и формирале сојуз „Хидра“ за да го зголемат профитот од своите криминални активности, без да ја жртвуваат автономијата.
- „Јасно е дека исчезнуваат историските разлики меѓу мафијашките организации, дури и во трговијата со дрога“, заклучува во нов извештај националниот обвинител за борба против мафијата, Џовани Мелил.
- Проширена е и соработката со криминални групи од Кина за меѓународни исплати преку паралелен систем за трансфер на пари познат како „хавала“.
- Парите од шверц на дрога од Јужна Америка ги перат преку инвестиции во градежништво, фирми за управување со отпад и супермаркети.
- Бундестагот го одобри контроверзното проширување на овластувањата за германските разузнавачки служби, претворајќи ги од пасивни во активни алатки за борба против закани.
- Службата за надворешно разузнавање (BND) и за внатрешна безбедност (BfV) досега беа ограничени на собирање и анализа на информации, кои ги проследуваа до полицијата.
- BND сега ќе има право да врши хакерски напади за да спречи кибернетски закани од странство.
- Агенти на BfV ќе можат тајно да упаѓаат по домови за да монтираат уреди и софтвер за прислушување и надзор, да манипулираат со апарати и да неутрализираат оружја. Агентите нема да смеат да користат насилни методи, а апсењата ќе останат во надлежност на полицијата.
- Министерот за внатрешни работи Александар Добринт го опиша законот како „реформа на векот“. Тврди дека на Германија ѝ се потребни посилни разузнавачки служби за да се соочи со зголемените закани од тероризам и непријателски хибридни напади од други држави.
- Опозициските партии од десницата и левицата оценија дека широките овластувања всушност ќе создадат нови тајни полициски сили, кои може да се споредат со Штази или Гестапо. Овие партии, како и групи за граѓански слободи најавија дека го обжалат законот пред Федералниот уставен суд.