Италија на Манчини го достигна светскиот рекорд на Шпанија и Бразил

По три победи во низа, европскиот првак одигра 1:1 против Бугарија во квалификациската група Ц за Мундијалот во Катар. Но никој не зборува толку за неочекуваното реми, туку подвигот на Италија.

Бројот е 35 и значи многу во однос на статистиката и моќта во репрезентативниот фудбал, а до синоќа беше достижен за само две доста сериозни репрезентации кои оставија силен белег.

Се работи за број на натпревари без пораз, што е светски рекорд кој го држеа две земји, а сега се три. Шпанија, Бразил и најново Италија.

Прва селекција која стигна до рекордни 35 средби без пораз е Бразил, а тоа е оној кој со Ромарио, Ривалдо, Роналдо, Роберто Карлос, Кафу и компанија стана светски првак во 1994. Серијата ја почнаа со триумф над Германија во Келн на 17 ноември 1993-та, а последната победа им беше против Мексико на 21 јануари 1996-та.

Овој многу тешко достижен рекорд го повторија Шпанците, оние кои ја сокриваа топката и врзаа две Европски по ред, а меѓу нив и едно Светско. Им успеа во периодот меѓу февруари 2007-ма и јуни 2009-та.

На дистанца од околу 12-13 години, трета и последна селекција со ваков подвиг е Италија, која под водство на Роберто Манчини гази и со допадлив, модерен и напаѓачки фудбал заслужено го освои ЕП ова лето.

Италијанците синоќа одиграа дома нерешено против Бугарија, а последниот пораз им во Лига на нации од Португалија на 10 септември 2018-та.

Манчини претходно го урна рекордот на Виторио Поцо кој оствари 30 победи во низа и освои два Мундијали 1934 и 1938 и олимписко злато 1936.

На 5 септември против Швајцарија на гости, Италија има можност повторно да направи промени на оваа табела и да испише историја.

Голот на Киеза кој ја измами цела бугарска одбрана.

3 септември 2021 - 12:22