Американската компанија RSE Ventures веќе петта година со голем успех им носи забава на навивачите преку океанот, а на клубовите енормна заработка. Им се врти низ глава да организираат Шампионски Куп само со најбогатите и најголемите.
Руни се врати во Евертон од каде во 2004-та премина во Манчестер. Низ годините: рекорди, најубав гол во историјата на Премиер, тренер кој го стави во средниот ред, Лига на шампиони, замерки со Боби Чарлтон...
Точно пред 14 години контроверзниот претседател на Перуџа потпиша договор со синот на тогашниот либиски диктатор. Саади остана две сезони во клубот, смени уште три тима, а денес е во затвор и ризикува смртна казна.
На денешен ден во 2007-ма, пред точно 10 години Словакот стана нов играч на Наполи. Многу сакал и на крајот го довел поранешниот спортски директор Пјерпаоло Марино кој го зема од Бреша.
На почетокот на изминатата сезона на многумина би им се простило што не го знаат младиот Чех, но 21-годишниот шпиц кој овие месеци стана најбаран фудбалер во Италија, утрово стигна со авион од Европското за млади и потпиша со Јувентус.
Уште кога Градски ја имаше само Јужна, една од главните заебанции на досаден меч беше да направиш авионче од весник и додека да слета да реагираш како Шаќири да изведува корнер. Во Серија А имаше еден многу поразличен и тежок случај во кој некој можеше да настрада.
Маратонот на „Црвените ѓаволи“ од дури 64 средби сезонава не заврши на 24. мај со победата во финалето на Лига Европа. Ги чека долго лето кое ќе го финишираат во Македонија.
Две промоции во две сезони, од Серија Ц во Серија Б, и синоќа историски пласман на клубот од Југот во елитната Серија А. Што треба да знаеме за тимот во кој со успех игра и Македонецот Никола Јакимовски.
Со победа од 6:4 над ЈСП, златниот медал во овогодишната сезона во Бизнис лигата отиде кај екипата на Лукоил. Во борбата за трето место Рамстор го совлада ЕЛЕМ.
Уште на 22 години мораше одбере меѓу две работи. Дали ќе брани за честа на клубот и навивачите или ќе му попушти на клубот за кој навива и кој се бори за опстанок. Колегата на Илија Несторовски ги опиша чувствата за најнеблагодарната ситуација во која се најде.
Во 2009-та Јунајтед играше финале во ЛШ, но наиде на Барселона и на Олимпико во Рим загуби 2:0. Две години подоцна ги снајде иста судбина, овој пат на Вембли каде загубија 3:1. Пред првиот трофеј во ЛЕ, последното нивно славје во Европа им се случи пред 9 години.
Дефинитивно, или го обожувате или не го поднесувате. Без оглед на сè, Мурињо синоќа дури 12-ти пат во кариерата победи во едно финале и стана првиот во историјата што два пати освоил и Лига на шампиони и Лига Европа.
Врти-сучи пак доаѓаме до непобитниот факт дека најголемиот тренер во историјата на Премиер лигата Сер Алекс Фергусон имал најуспешни серии без пораз. И Мурињо има долга, но со повеќе од пола нерешени.
Месец мај освен за освојувањето на титулите носи жестоки битки и на дното од табелите. Ова е ситуацијата во топ 5 лигите во Европа каде освен во Серија А во сите други првенства остануваат уште две кола до крајот. Најголема неизвесност има во Германија и Франција.
По неколку месеци стани-пани, Кинезите и Силвио Берлускони го склопија договорот со кој легендарниот ’Берлуска’ заминува од институцијата која што ја направи славна и трофејна. Со него заминува и Галијани.
Денес од Селта Виго соопштија дека италијанскиот напаѓач Џузепе Роси ги скинал предните вкрстени лигаменти и дека ќе отсуствува 6-7 месеци од теренот. Веќе ни самиот не знае по кој пат ја доживува истата повреда.
Најталентираниот фудбалер во историјата на Романија е човек за кој би можело да се сними филм кој рутински би ги собрал сите фестивалски награди. Неговиот подем и пад е долг колку патот од пеколот до рајот и назад преку чистилиштето.