УЕФА Супер Куп 2017

Манчестер Јунајтед го чекаат 29.420 километри до Скопје

Маратонот на „Црвените ѓаволи“ од дури 64 средби сезонава не заврши на 24. мај со победата во финалето на Лига Европа. Ги чека долго лето кое ќе го финишираат во Македонија.

Иако веднаш после финалето на Лига Европа добија одмор, голем дел од играчите на Манчестер (12 души) имаа репрезентативни обврски па и не одмораа многу.

„Црвените ѓаволи“ на 8. јули ќе имаат средба во базата Карингтон каде ќе имаат медицински тестови пред следното утро да заминат за Лос Анџелес на американската турнеја. Во Калифорнија Јунајтед ќе има тренинзи една недела пред пријателската со ЛА Галакси на 15. јули.

Тимот на Жозе Мурињо ќе одигра пет средби за 12 дена во САД пред да отпатува во Норвешка каде ги чека дуел со Валеренга и потоа лет за Даблин каде ќе играат на турнир против Сампдорија.

Екипата од „Олд Трафорд“ ќе ја започне официјалната сезона на 8. август кога ќе дојде на мегдан со Реал Мадрид во Македонија, а само 4 дена подоцна им почнува Премиер лигата. Од таа причина Мурињо се надева дека ќе има среќа на ждрепката за првенството кое ќе се влече на 14-ти јуни (среда). Мурињо посакува во првото коло да играат дома, а не пак да мора некаде да влечат куфери. За разлика од лани кога „Специјалниот“ ја наследи агендата на Ван Гал, овојпат планот е скован со негова согласност.

РАСПОРЕД:

15 јули: ЛА Галакси - Манчестер Јунајтед (Лос Анџелес, Калифорнија)
17 јули: Ријл Солт Лејк - Манчестер Јунајтед (Санди, Јута)
20 јули: Манчестер Јунајтед - Манчестер Сити (Интернационален Куп на Шампиони, Хјустон, Тексас)
23 јули: Манчестер Јунајтед - Реал Мадрид (Интернационален Куп на Шампиони, Санта Клара, Калифорнија)
26 јули: Манчестер Јунајтед - Барселона (Интернационален Куп на Шампиони, Лендовер, Мериленд)
30 јули: Валеренга - Ман. Јунајтед (Осло, Норвешка)
2 август: Ман. Јунајтед - Сампдорија, Даблин, Ирска)

8 август: Реал Мадрид - Ман. Јунајтед (УЕФА Супер Куп, Скопје, Македонија)

ВКУПНО НАТПРЕВАРИ: 8

ВКУПНО КИЛОМЕТРИ: 35.165

Манчестер - Лос Анџелес (8.506 км)
Лос Анџелес - Сенди, повратна (2.179 км)
Лос Анџелес - Хјустон, повратна (4.982 км)
Лос Анџелес - Санта Клара, повратна (1.110 км)
Лос Анџелес - Вашингтон Дс, (4.293 км)
Вашингтон ДС - Манчестер, (5.692 км)
Манчестер - Осло, повратна (2.127 км)
Манчестер - Даблин, повратна (527 км)
Манчестер - Скопје (2.872 км во еден правец, вкупно 5.745 км)