По којзнае кој пат, само што ќе се врати во форма, ќе почне да дава голови и да асистира, Џузепе Роси како да го бие некој малер - одново ги кине лигаментите на колената.
Досега во кариерата, овој сјаен италијански центарфор чијашто левица го прослави во дресот на Виљареал, Манчестер Јунајтед и Фиорентина пропуштил 1.041 ден поради повреда на лигаментите. На дуелот против Еибар во саботата, 30-годишниот Роси (во февруари наполни 30) кој е роден во Америка се повреди во 35’ минута од мечот и мораше да излезе од игра.
Тешката повреда доаѓа на само 6 дена откако постигна хет-трик во триумфот на Селта Виго против Лас Палмас и во периодот кога тимот од Галиција одлично галопира во Лига Европа каде стигна до 1/4 финалето. Роси, кој во професиионалниот фудбал првпат се појави во дресот на Манчестер Јунајтед ги кинеше лигаментите на два пати во сезоната 2011/2012 како играч на Виљареал и потоа трет пат во 2014-та кога штотуку фати залет со Фиорентина.
Левоногиот напаѓач е под договор со Фиорентина и по успешната позајмица во Леванте минатата сезона, оваа година играше одлично во дресот на Селта.
I vostri messaggi mi danno forza! Grazie di cuore! Che voglia di tornare già e continuare a fare ciò' che amo..giocare a calcio!#nevergiveup pic.twitter.com/QQ7gHejXj7
— GIUSEPPE ROSSI (@GiuseppeRossi22) April 10, 2017
Приказната за фудбалскиот пат на Џузепе Роси тука.