Се сеќавате ли на Интер - Аталанта одиграна на 6 мај 2001-ва? Меч кој не бараме од вас да го паметите по резултатот или составите, туку по најлудиот потег на еден навивач на Интер кој фрли Скутер од трибина.
За Интер тоа сезона беше за заборав, бидејќи заврши на петта позиција со 11 порази, остана без пласман во Лига на шампиони и се соочи со срамен пораз од 6:0 во градското дерби.
Како капак на се беше лансираниот мотор кој навивач го фрли на трибина и за среќа не погоди ниту еден навивач. Интер за тоа мораше да плати парична казна од 30.000 евра, а стадионот беше затворен за публика во следните две кола.
16 години потоа навивачот е суспендиран, ама не за да не може да оди на стадион, туку е суспендиран на работа поради едно друго нетипично однесување за еден возрасен човек. На своите колешки им изразувал љубов преку пораки кои ги пишувал со нож на нивните работни маси.
За инцидентот со моторот на следните натпревари во Серија А се појавуваа разни иронични трансперанти, а навивачите најверојатно успеале да го внесат моторот при крајот на мечот кога влезовите од трибините биле отворени.