Човек финале - 14 меча за пехар, 12 победи

Дефинитивно, или го обожувате или не го поднесувате. Без оглед на сè, Мурињо синоќа дури 12-ти пат во кариерата победи во едно финале и стана првиот во историјата што два пати освоил и Лига на шампиони и Лига Европа.

Епилогот од Лига Европа во Стокхолм значеше и трет пехар за Манчестер Јунајтед во сезоната, а единствен кој фалеше во трофејната сала на Red Devils.

Секако, трите трофеи не се како Триплетата освоена во 2010 со Интер, но Мурињо продолжи една убава традиција: 14 играни како тренер - 12 победени. По Трапатони и Бенитез, Мурињо стана третиот тренер кој го кренал пехарот во Куп на УЕФА/Лига Европа и во Лигата на шампионите и единствен кој успеал на два пати да ги освои двете натпреварувања. Затоа го викаат Special One.

Иако во Премиер завшрија 6-ти со огромен заостаток зад Челси, триумфот во Лига Европа ја носи екипата на Жозе во Лигата на шампионите. Севкупно со натпреварите од Супер Куп, Мурињо има 17 победи од вкупно 25 меча за пехар.

„Убаво е кога се освојуваат трофеи, сега ги имаме сите пехари на светот во музејот. Фергусон ги освои речиси сите, а јас оној што недостигаше“, изјави синоќа Жозе кои во кариерата ги освои следните пехари:

ЛИГА КУП 2016/2017

Мурињо триумфално ја започна сезоната откако минатиот август со 2-1 го победи Лестер на Раниери во Комјунити Шилд (Лингард и Ибрахимовиќ стрелци). За да го продолжи патот кон малата Триплета му требаше и пехарот од Англискиот Лига Куп во февруари: победа од 3-2 против Саутемптон благодарение на неверојатниот Ибрахимовиќ.

ЛИГА КУП 2014/2015

Пред да биде отпуштен од Челси во декември 2015, Мурињо на „Стемфорд Бриџ“ ги донесе Премиер Лигата и Лига Купот: 2-0 против Тотенхем (Тери и автогол на Вокер) за прв пехар на Жозе Мурињо по враќањето во Лондон во 2013-та. Овој трофеј посебно се славеше во Челси затоа што екипата после долго време освои нешто со Мурињо кој е навикнат да направи спектакл при прославите: тогаш лежеше на тревникот на Вембли.

КОПА ДЕЛ РЕЈ 2010/2011 

Жозе со Реал Мадрид освои три титули: Една во Лига, една во Копа дел Реј и една во Супер Купот на Шпанија. Еднаш загуби во финалето на Копа Дел Реј против Чоло Симеоне и Атлетико Мадрид во 2012/2013 (Миранда даде гол во продолженијата), но во 2010/2011 Мурињо на „Местаља“ ја победи Барселона во финалето на Кралскиот Куп со гол на Кристијано Роналдо во продолженијата за голема прослава.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2009/2010

„Дуели како овој ме потсеќаат на оној против Баерн Минхен, имав чувство дека ќе победам вечерва“, изјави синоќа Мурињо во Стокхолм.

Секако, не е ниту истото натпреварување, ниту истиот трофеј од Триплетата, но Жозе како да се потсети кога во Мадрид на Интер му ја донесе третата ЛШ, успех којшто на „Меаца“ фалел 45 години и којшто ги следеше освојувањето на Скудето и Купот на Италија.

Победата од 2-0 против Баерн Минхен во финалето со головите на Диего Милито на „Сантијаго Бернабу“ му овозможи на Жозе да ги стигне Ернст Хапел и Отмар Хицфилд како тренери со два трофеи во Лигата на шампионите со два различни клуба. Магичната ноќ за навивачите на Интер кулминираше заедно со капитенот на Занети, созлите на Морати и Мурињо кој заминуваше за Реал Мадрид.

КОПА ИТАЛИЈА 2009/2010

Во незаборавната година за Интер, „Нероаѕурите“ го освоија и Купот на Италија на ’Олимпико’ во Рим и тоа против домашната Рома 1:0. Тоа беше шести пехар во Купот за Интер, а голот го даде Милито кој сезоната постигна 30 погодоци таа сезона во сите натпреварувања.

ФА КУП 2006/2007

Лондон и Челси остануваат најпогодните места на Мурињо за победување големи финалиња - 4, заедно со овоениот ФА Куп во 2007-ма против Манчестер Јунајтед. Голот на Дрогба на секунда од продолженијата му донесе на Мурињо важен трофеј.

ЛИГА КУП 2006/2007

Во оваа сезона, Челси го заврши првенството на второто место зад Јунајтед но утеха најдоа во Лига Купот во февруари пред 10 години: 2-1 после пресврт против Арсенал благодарение на вообичаениот Дрогба.

Двојно задоволство на Мурињо - и пехарот и го победи вечниот ривал Арсен Вегнер.

ЛИГА КУП 2004/2005

„Специјалниот“ само што стигна во Лондон, ги освои и Премиер лигата и Карлинг Купот којшто му беше прв трофеј во сезоната.

Ретко кој го памети финалето во Кардиф кога Ризе даде автогол, Џерард ги одведе двата тима во продолженијата а таму Дрогба и Кежман му го донесоа пехарот на Челси со 3-2 - прв пехар на Жозе Мурињо како тренер на „Сините“.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2003/2004

Неверојатна сезона за Порто, предводен од Жозе Мурињо уште од 2001-та година - таму најави дека ќе биде најдобар тренер во Европа. Во Лигата на шампионите тимот од Драгао во групната фаза заврши зад Реал Мадрид, а потоа по ред ги победуваше Манчестер Јунајтед, Лион и Депортиво за да стигне до големото финале на ЛШ во Гелзенкирхен каде го кренаа трофејот.

Во Гелзенкирхен играа против Монако на Дидие Дешамп - уште едно откритие на ЛШ таа сезона. Порто славеше убедливо 3-0 со головите на Карлос Алберто, Деко и Дмитри Аленичев. Тоа беше втор пехар во Лигата на шампионите за Порто по оној во 1987-ма.

КУПОТ НА ПОРТУГАЛИЈА 2003/2004

Е првото загубено финале во кариерата на Мурињо. Неговиот Порто водеше, но Бенфика со пресврт стигна до победата во продолженијата. Но Мурињо и тоа како и се израдувал на титулата во првенството истата сезона со дури 11+ бода повеќе од големиот ривал Бенфика и 23 повеќе од Спортинг.

КУП НА УЕФА 2002/2003

Еден од најдрагите пехари на Жозе во кариерата. Оној што синоќа го освои во Стокхолм, го освои и пред цели 14 години против Селтик во финалето. До мечот за трофејот во Купот на УЕФА „Змејовите“ стигнаа преку Полонија Варшава, Австрија Виена, Ленс, Денизлиспор, Панатинаикос и во полуфиналето Лацио совладан со 4-1 на Драгао.

На стадионот во Севиља, во екстремно возбудливо финале Порто со 3-2 го победи шкотски Селтик (Дерлеи во продолженијата даде гол вреден злато). За 40-годишниот Мурињо тоа беше првиот континентален трофеј во самостојната тренерска кариера.

СУПЕРТАКА ДЕ ПОРТУГАЛ (СУПЕР КУП НА ПОРТУГАЛИЈА) 2002/2003

На почетокот на сезоната во португалскиот фудбал се игра Супертака или мечот од Супер Купот меѓу победникот на првенството и освојувачот на Купот.

Предводени од Мурињо, фудбалерите на Порто: Витор Баија, Карваљо, Маниче, Деко, Мекарти, Аленичев и Дерлеи по 13. пат го освоија Супер Купот на Португалија во историјата.

ТАКА ДЕ ПОРТУГАЛ: 2002/2003

Португалскиот Куп Мурињо го освои во трофејната сезона 2002/2003 кога стана и шампион на својата земја. Во финалето ја совладаа Леирија со 1-0 со голот на Дерлеи.