Пекабеско и Факом завршија реми во егал натпревар

Екипите на Уника и Рамстор славеа во третиот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија, а третиот меч меѓу Пекабеско и Факом заврши без победник.

Пекабеско и Факом завршија реми во егал натпревар
Пекабеско 6-6 (3-3) Факом
Пекабеско: Јовица Левајковски 7’ Бобан Вујиќ 18’29’ Слободан Игнатов 19’ Дејан Неделковски 24’ 40’
Факом: Боро Мисердовски 4’ Бојан Симоновиќ 12’ 16’ 31’ Бобан Китановски 39’ Шенол Аџировски 40’

Екипата на Факом во дуелот со Пекабеско иако влезе како аутсајдер уште на самиот почеток влезе мошне мотивирано со што успеа да го изненади Пекабеско и направи предност што му овозможи игра без притисок. Екипата на Пекабеско морше да го брка резултатот па со пресинг по целиот терен успеа да дојде до израмнет резултат од 3-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Факом остана со играч помалку па мораше да се потпре на резервниот голман. И кога се чинеше дека Пекабеско има се во свои раце Факом се покажа како цврста екипа и борејќи се се до самиот крај успеа да обезбеди реми. Кончен резултат 6-6

Рамстор со колективна игра до победа над Гранит
Рамстор8-3(3-0) Гранит
Рамстор: Михрем Мемед 2’ Ведат Арслан 19’ 32’ 34’ 35’ Зоран Алексовски 20’ 31’ Ибрахим Бекир 33’
Гранит:Стеван Митревски22’ 25’ Дарко Стојановски 35’

Екипите на Рамстор и Гранит во брз и отворен фудбал го започнаа натпреварот. Екипата на Гранит во првото полувреме кубуреше со реализацијата иако имаше одлично одработени напади не успеа да ги претвори во гол, кај Рамстор пак беше видлива колективната игра која им донесе доста отворени шутови кои на неколку наврати успеаа да ги реализираат и да дојдат до водство на полувремето од 3-0. На стартот од второто полувреме екипата на Гранит влезе во серија од 3 гола со што успеа да фати резултатски приклучок. Екипата на Рамстор смогна сили, ги консолидира своите редови и целосно го одби нападот на Гранит. Со ваквата игра успеа да го задржи водството и зголеми за да на крајот слави со убедливи 8-3.

Арбен Нухиу нерешлива енигма за Адмирал
Адмирал 4-10(1-4) Уника
Адмирал: Александар Лазаревски 14’ Албрим Шакири 34’ Стојан Аврамоски 38’ Филип Добревски 40’
Уника: Шабан Чупи 5’ Арбен Нухиу 6’ 17’ 22’ 31’ 36’ 39’ Ибиш Мисини 16’ Бенјамин Граинца 33’ Влатко Деспотовски 40’

Екипата на Уника во текот на целиот натпревар во дуелот со Адмирал демонстрираше апсолутна доминација. Уника во своите редови го имаше маестралниот Арбен Нухиу кој имаше своја вечер и беше нерешлива енигма за екипата на Адмирал. Поставеност во одбраната на Адмирал беше насочена кон Нухиу но и со ваквата поставеност Уника дојде до солидна предност која ја одржа се до самиот крај во кој славеше со високи 4-10.

30 март 2017 - 09:20