И покрај тоа што се наоѓаме во ера кога скроз се изместени границите во однос на парите кои се трошат за фудбалери, сепак има уште клубови кои си го ценат своето и се потпираат на сопствените производи.
Со 30-ина шута на двата гола и вкупно шест погодоци, Челси и Рома го оправдаа епитетот дерби на колото. Барса, ПСЖ и Баерн рутински. Јувентус непоразен на 25. меча дома во ЛШ.
Екипите на Рамстор и ЕВН броеа до 10, а Аџибадем Систина и Фабрика Карпош одиграа без победник во вториот ден од 3. коло во Бизнис лигата на Македонија.
Аџибадем Систина и Уника славеа победи во вториот ден од првото коло во Бизнис лигата на Македонија, а екипите на Еуро Табак и Сава Осигурување одиграа без победник.
Екипите на Халк Банка и ЕЛЕМ славеа убедливо во првото коло од новата сезона во Бизнис лигата на Македонија. Фабрика Карпош успеа да слави по негатива од 4.2 на полувреме.
Бенфика доживеа потоп и можеби најтежок пораз во европските натпреварувања. Конте и Челси освоија екстремно важни три бода пред самата судиска свирка за крај, а Јувентус рутински го победи Олимпијакос.
Телото за борба против расизмот Kick It Out пишало допис до клубот Манчестер Јунајтед по објавените видеа на кои се слушаат необични скандирања за Ромелу Лукаку.
Досега бројката на загинати е 35 луѓе и преку 100.000 загрозени кои останале без струја, без вода или без покрив над глава. Америка е солидарна со настраданите а помагаат и најпознатите спортисти во земјата.
Американската компанија RSE Ventures веќе петта година со голем успех им носи забава на навивачите преку океанот, а на клубовите енормна заработка. Им се врти низ глава да организираат Шампионски Куп само со најбогатите и најголемите.
Руни се врати во Евертон од каде во 2004-та премина во Манчестер. Низ годините: рекорди, најубав гол во историјата на Премиер, тренер кој го стави во средниот ред, Лига на шампиони, замерки со Боби Чарлтон...
По неколку години перипетии, Милош Теодосиќ синоќа ставил потпис на 2-годишен договор со ЛА Клиперс вреден 12,3 милиони долари и конечно ќе се проба во најдобрата светска лига. Што може да очекува?
Синоќа во Бруклин 30 НБА тимови бираа кошаркари во два круга од драфтот, а Филаделфија го избра првиот пик на драфтот Маркел Фелц кој важи за неверојатен плејмејкер.
Маратонот на „Црвените ѓаволи“ од дури 64 средби сезонава не заврши на 24. мај со победата во финалето на Лига Европа. Ги чека долго лето кое ќе го финишираат во Македонија.
Со победа од 6:4 над ЈСП, златниот медал во овогодишната сезона во Бизнис лигата отиде кај екипата на Лукоил. Во борбата за трето место Рамстор го совлада ЕЛЕМ.
Во 2009-та Јунајтед играше финале во ЛШ, но наиде на Барселона и на Олимпико во Рим загуби 2:0. Две години подоцна ги снајде иста судбина, овој пат на Вембли каде загубија 3:1. Пред првиот трофеј во ЛЕ, последното нивно славје во Европа им се случи пред 9 години.
Дефинитивно, или го обожувате или не го поднесувате. Без оглед на сè, Мурињо синоќа дури 12-ти пат во кариерата победи во едно финале и стана првиот во историјата што два пати освоил и Лига на шампиони и Лига Европа.
Врти-сучи пак доаѓаме до непобитниот факт дека најголемиот тренер во историјата на Премиер лигата Сер Алекс Фергусон имал најуспешни серии без пораз. И Мурињо има долга, но со повеќе од пола нерешени.