ЈСП немаше доволно сили за пресврт во дуелот со Рамстор

Македонски Телеком, Лукоил и Рамстор славеа победи во третиот ден од третото коло во Бизнис лигата на Македонија.

ЈСП немаше доволно сили за пресврт во дуелот со Рамстор

ЈСП 6-8(3-5) Рамстор
ЈСП: Љупчо Павловиќ 17’ Дејан Блажевски 19’ 22’ Сабит Хусеини 20’ 25’ Томи Петковски 31’
Рамстор: Ибрахим Бекир 11’ 17’ Ведат Арслан 13’ 15’ 29’ 40’ Арјан Цами 16’ Емир Сулоски 21’

Екипата на Рамстор имаше префектно отварање во дуелот со ЈСП. Во првата половина од првото полувреме имаше апсолутна доминација. Со перфектно организиран напад и одлична реализација успеа да поведе со високи 0-5. На самиот финиш од полувремето екипата на ЈСП заигра во препознатлив стил и користејќи го играчот помалце кај Рамстор успеа да го намали водството на 3-5 со кој се отиде на полувремето. На самиот старт на второто полувреме ЈСП продолжи со одлична игра преку која дојде до резултат од 5-6 по што се влезе во неизвесна завршница во која екипата на Рамстор успеа да го сочува водството за победа на овој натпревар од 6-8.

Лукоил рутинирано до победа над Раде Кончар

Лукоил 9-4(6-2) Раде Кончар
Лукоил: Дејан Зиков 3’ 8’ Марјан Цветковски 5’ 14’ Владимир Секулоски 10’ Жарко Климкаров 15’ Петар Костов 27’ Мартин Алаѓозовски 38’ 40’
Раде Кончар: Маријан Баждаров 4’ Сашо Василовски 26’ Наумовски Горан 8’ Даниел Ивановски 32’

Екипата на Лукоил уште на самиот почеток на натпреварот прикажа напаѓачки фудбал кој што резултираше со рано водство уште во третата минута, екипата на Раде Кончар успеа за кратко да се врати во натпреварот до ирамнување на резултатот 2-2 но секап екипата на Лукоил продолжи во ист стил со напаѓачки фудбал и сето тоа се преточи во големо водство од 6-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Лукоил од минута во минута го зголемуваше своето водство и покрај обидите на Раде Кончар да се вратат во натпреварот на крајот екипата на Лукоил рутинирано го приврши натпреврот со резултат од 9-4.

Македонски Телеком тактички го надигра Пекабеско

Македонски Телеком 8-4(4-0) Пекабеско
Македонски Телеком: Гоце Филипов 4’ 5’ Агрон Пацоли 10’ Ивица Вељановски 14’ 33’ 34’ Стефан Наскоски 29’ Михајло Лазаревски 30’
Пекабеско: Јовица Левајковски 21’ Дарко Рунтев 25’ Бобан Вујиќ 30’ Слободан Игнатов 31’

Македонски Телеком во дуелот со Пекабеско влезе мошне мотивирано и на самиот почетоко наметна офанзивна игра за која екипата на Пекабеско немаше одговор. Вака расположениот Телеком на полувремето успеа да оди со високи 4-0. Во второто полувреме екипата на Пекабеско со добра игра пред се во делот на одбраната се обиде израмни, но екипата на Македонски Телеком одговори со промена на тактиката внесувајќи го Пацоли како голман играч и тоа резултираше со победа на Телеком од 8-4.

5 октомври 2017 - 08:48