Американскиот спорт спасува луѓе после ураганот

Досега бројката на загинати е 35 луѓе и преку 100.000 загрозени кои останале без струја, без вода или без покрив над глава. Америка е солидарна со настраданите а помагаат и најпознатите спортисти во земјата.

Кога трагедијата ќе обедини

Во САД продолжува да беснее ураганот „Харви“ - најбруталниот во последните 12 години. Неговата силина на ветрот достигнува и 215 км/ч а силните олујни дождови провалија и неколку брани. Покрај тоа и натаму постои опасност од пожар во големиот хемиски завод во Тексас.

Веќе е пријавено за 35 загинати, и над 13.000 евакуирани жители. Стотици илјади Американци се останати без струја. Неколку градови се поплавени (водостојот пораснат до 130см) - а во државите Тексас и Луизијана е прогласена вонредна состојба.

Штетата предизвикана од ураганот „Харви“ се проценува на 30-40 милијарди долари.

Но маката ги обединува луѓето насекаде, па така и во САД. Многумина дошле да им помагаат на настраданите а меѓу нив и познати спортисти кои апелираа за помош. Познатиот UFC борец Дерик Луис лично дошол да им помага на терен на луѓето погодени од ураганот. Поради тоа ја одложил подготовката за борбата со Фабисио Вердум.

Луис одел низ градот со својот пикап и најмногу што можел им помагал на жителите на Тексас.

 

🤘🏿🤘🏿🤘🏿🤘🏿🤘🏿

A post shared by Derrick Lewis (@thebeastufc) on

Бекот на Бостон Селтикс, Џералд Грин веќе неколку дена кружел со својот автомобил по Хјустон и им помагал на оние на кои помош им е најпотребна. 

 

Get at me ASAP!

A post shared by Gerald Green (@g.green14) on

Спортистите пак кои се далеку од целиот хаос, се обидуваат да помогнат на разни начини. Кошаркарите на Вашингтон собрале 250.000 долари за жртвите на ураганот „Харви„. 25.000 долари сам дал центарот на Оклахома Сити Енес Кантер. Самата НБА лига и асоцијацијата на играчи објавиле дека собрале 1 милион долари кои ќе ги донираат на разни организации кои нудат помош на жртвите од ураганот.

Сопственикот на кошаркарскиот клуб Хјустон, екипа чијшто град најмногу настрада од „Харви“ - Лесли Александар донирал 4 милиони долари а потоа ја зголемил сумата и до 10 милиони долари. Освен тоа, домашната арена на „Рокетс“ - Тојота Центарот станала прибежиште и дом за илјадници луѓе настрадани од поплавите.

Плејот на Хјустон Рокетс, Крис Пол дал 50.000 долари а донирал и Џеј-Џеј Вот кој играл американски фудбал за Хјустон Тексанс. Тој до денес собрал 5 милиони долари од донации.

На страна не останале ниту луѓето од МЛС тимот Хјустон Динамо. Клубот организирал собирен центар на својот домашен стадион. Таму се собира облека и средства за прва помош на настраданите, како и финансиска помош.

Самите фудбалери лично помагаат, например Дилан Ремик: