Уника со одлично второ полувреме до победа над ЕВН

Аџибадем Систина и Уника славеа победи во вториот ден од првото коло во Бизнис лигата на Македонија, а екипите на Еуро Табак и Сава Осигурување одиграа без победник.

Уника со одлично второ полувреме до победа над ЕВН

ЕВН 3-6(1-1) Уника
ЕВН: Наум Бадаловски 20’ Томи Илиевски 40’ Игор Рајчин 40’
Уника: Шабан Чупи 17’ 29’ 30’ Ибиш Мисини 23’ Влатко Деспотовски 23’ Љуљзим Каштањева 39’

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Уника. Двете екипи беа офанзивно ориентирани и со одлично изработен напад успеваа да дојдад до изглени шанси за гол, но слабата реализација направи на полувремето да се оди со израмнет резултат од 1-1. Второто полувреме екипата на Уника покажа карактер и со смирена игра пред се во делот на нападот успеа да го изненади ЕВН и да дојде до предност која беше недостижна па на крајот Уника славеше со 3-6.

Џонсон Мети со голман играч не успеа да направи резултатски пресврт во дуелот со Аџибадем Систина

Аџибадем Систина 5-2(2-1) Џонсон Мети
Аџибадем Систина: Влатко Кузманов 10’ Стефан Трајковски 15’ Игор Георгиевски 28’ Александар Јаневски 33’ Кристијан Димковски 39’
Џонсон Мети: Бране Стојановски 15’ Мартин Николоски 37’

Екипата на Џонсон Мети дебитираше во Бизнис Лигата против екипата на Аџибадем Систина во првото полувреме Систина успеа да ја изненади екипата на Џонсон Мети со игра голман-играч преку кој доаѓаше до отворени шанси за гол. Реализирајќи ги овие шанси стекна предност од 2-0, но Џонсон Мети најде против игра па успеа да го ублажи водството на 2-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина успеа да го зголеми водството по што Џонсон Мети беше принуден со голман играч да брка резултатски приклучок, но сепак искусната екипа на Аџибадем Систина не го дозволи тоа по го доби овој натпревар со 5-2.

Искуството на Сава Осигурување пресудно во дуелот со Еуро Табак

Еуро Табак (2-2) Сава Осигурување
Еуро Табак: Дејан Младеновски 2’ 9’ Влатко Богдановиќ 38'
Сава Осигурување: Андреј Китановски 10’ 16’ 32’ Данило Поповски 36’ Данило Апостолоски 38’

Екипата на Еуро Табак одлично го започна првото полувреме играјќи брз и отворен фудбал во кој успеа да стекне предност од 2-0, но екипата на Сава Осигурување успеа да ги консолидира своите редови и со борбена игра успеа да го израмни резултатот на 2-2 со кој резултат се отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување продолжи со добрата игра и успеа да дојде до водство од 2-3, во текот на целото полувреме се играше израмнет натпревар во кој одлучуваа нијанси. Екипата на Сава Осигурување се потпре на искуството кое дојде до израз во самиот финиш и успеа да направи предност која Еуро Табак се обиде да ја анулира со голман играч но не успеа во тоа па го загуби овој натпревар со 3-5.

4 октомври 2017 - 08:48