Окта со голман играч не успеа да го изненади Макпетрол

Екипите на Макпетрол и Матрик ги освоија бодовите и го заокружија првото коло од новата сезона во Бизнис лигата на Македонија.

Окта со голман играч не успеа да го изненади Макпетрол
Макпетрол 7-3(3-2) Окта
Макпетрол: Христијан Мицевски 1' 18' Мишо Ѓоргиевски 13' 39’ 39’ Благоја Лолески 34’ Виктор Доневски 40’
Окта: Никица Богдановски 15' Драганче Стојановски 15' Славчо Стојковски 32’

Екипата на Макпетрол дебито во Бизнис Лигата го имаше против екипата на Окта. На самиот почеток Макпетрол со одлична игра успеа да стекне водство од 2-0, по што следеше офанзива на Окта која успеа со одлична реализација да го изедначи резултатот на 2-2. Во финишот на полувремето екипата на Макпетрол постигна гол за минимална предност од 3-2 на полувремето. Во второто полувреме се играше егал натпревар и на двете страни, екипата на Макпетрол успеа да го сочува водството. Во самиот финиш од натпреварот екипата на Окта се обиде со голман играч да ја намали негативата што не се покажа како правилна одлика. Макпетрол ја искористи оваа поставеност на окта и успеа пред се преку цврста одбрана во првата линија да дојде до шанси кои ги претвори во гол за победа од 7-3.

Матрикс со подбра физичка подготвеност до победа над Вип
Матрик 8-5(3-2) Вип
Матрик: Петре Даиловски 1’ 9’ 35’ Дарко Насевски 15’ Дарко Цветковски 24’ Александар Шикалевски 30’ Никола Христовски 30’ Антонио Богдановски 39’
Вип: Милан Аврамовиќ 2’ Илчо Удовалиев 12’ Ненад Богдановиќ 34’ Мартин Ангеловски 38’ 40’

Екипата на Матрикс која за прв пат учествува во Бизнис Лигата на Македонија првиот натпревар го одигра против екипата на Вип. Во првото полувреме и двете екипи играа брз и отворен фудбал со одлична реализација уште на самиот старт. Екипата на Вип на голот го имаше Илчо Удовалиев кој со одлична одбрана ја сочува неизвесноста во текот на целото полувреме кое заврши со минимална предност за Матрикс од 3-2. Во второто полувреме дојде до израз подолгата клупа и физичка подготвеност кај екипата на Матрикс која ова вешто го искористи па го совлада Вип со 8-5.

6 октомври 2017 - 08:41