Мануел Алехандро Гарсија Санчез е фудбалерот со чиј гол Алавес го победи Реал Мадрид првпат после повеќе од осум децении! Цели 83 години тимот од Баскија чекаше да го кутне „кралскиот“ тим. Притоа ова е првпат од сезоната 1984/1985 Реал Мадрид на 4 меча по ред да не даде гол. Сега Алавес е третопласиран со исто бодови како и Реал Мадрид кој има нешто подобра гол разлика.
Кога го носиш товарот на актуелен европски првак и тоа во историска низа од три пати по ред, нормално дека минималниот пораз од една ЦСКА Москва ќе се смета за тежок. А да е само тоа проблемот. Нов шпиц им треба.
Фудбалерите на ЦСКА Москва го направија изненадувањето на вечерта откако го совладаа европскиот шампион 1:0 со гол уште во 65 секунда! Баерн киксна со Ајакс, Рома го прегази шампионот на Чешка со хет-трик на Џеко.
Ако во сабота во 15 часот седнете да гледате фудбал постои можност да не станете скоро до 23:00. Има толку јак и згуснат распоред на дерби средби, што не постојат ни шанси сите да ги изгледате, освен ако не држите повеќе од еден телевизор дома и многу пиво. Мелем за очи се утакмициве.
„Неговата биографија треба да се вика Milagrero Жорже Мендеш“, рекол Кристијано Роналдо за неговиот најдобар пријател и менаџер Жорже Мендеш. Milagrero во превод значи чудотворец.
Алваро Одризола е најновиот член на Реал Мадрид. Се работи за 22 годишен десен бек кој дојде од Реал Сосиедад за 30 милиони евра. Ваква контрола на топка не сте виделе во живот.
Од човек кој се вика Кристијано Роналдо и во 9 сезони за клубот дава 450 голови и освојува вкупно 15 трофеи од кои 4 во ЛШ, тешко е да склопи видео за благодарам во минута, две или три. Кралскиот клуб го испрати Роналдо на кралски начин со страшно јака компилација на голови и пехари во раце која трае скоро 7 минути и се гледа во еден здив.
Браќата Тео и Лукас Ернандез ќе се сретнат еден против друг на 15. август во борба за Супекупот на Европа кога ќе играат Реал Мадрид - Атлетико Мадрид.
Ако некој и натаму сомневаше чиј клупски фудбал е најдобар на светот, од синоќа веќе нема дилеми. На Пиринејскиот полустров се игра најдобриот и најуспешниот фудбал.
Глазгов е градот во кој се прославиле неверојатни 219 пехари освоени од Ренџерс или Селтик. Тука се уште и Порто, Фенербахче, Олимпија од Парагвај, ЦСКА Софија....
Речиси малку е познато дека легендарниот Роберто Карлос и неговиот миленик Марсело прв и последен пат заедно на официјален натпревар поминале само три минути кога малиот Марсело дебитирал против Депортиво.
Вториот дел од филмот на Хичкок во ЛШ од стадионот Олимпико во Рим продолжи на Сантијаго Бернабеу. Јувентус извади херојски 0:3 за еден час игра вредни продолженија, но судијата свирна пенал во последните секунди од мечот. Буфон збесна и доби црвен, а соочувањето со Роналдо од 11 метри го имаше Шчесни.