Сава Осигурување со пресврт до победа над Лукоил

Во третиот ден од 21. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа Макпетрол и Сава Осигурување, а третиот меч заврши без победник.

Сава Осигурување со пресврт до победа над Лукоил

Лукоил 2-6(2-1) Сава Осигурување

Лукоил: Дејан Зиков 17’ Лоренцо Николовски 18’

Сава Осигурување: Ивица Минов 13’ 27’ 28’ 40’ Коста Глигуровски 28’ 40’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Сава Осигурување, во првата фаза од полувремето двете екипи успеа да создадат голем број шанси но имаа слаба реализација. Кон средината на полувремето поточно во 13та минута екипата на Сава Осигурување успеа да реализира еден контра напад преку Минов за водство од 0-1, по оваа негатива екипата на Лукоил зпочна да врши поголем притисок кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување што им успеа во 17та минута со одличен погодок на Зиков.До крајот на полувремето екипата на Лукоил успеа да направи целосен резултатски персврт па на паузата се замина со 2-1.Во второто полувреме комплетно нова слика видовме една расположена екипа на Сава Осигурување која успеа од негатива на полувреме до средината на полувремето да го врати резултатот во своја корист. Екипата на Лукоил се обидуваше со сите сили резултатски да се врати во игра но екипата на Сава Осигурување доста вешто го чуваше својот гол и преку контра напади го зголемуваше водството. Натпреварот заврши со резултат од 2-6

Македонски Телеком со реми во дуелот со Рамстор обезбеди пласман

Македонски Телеком 7-7(2-2) Рамстор

Македонски Телеком: Стефан Наскоски 4’ 15’ Марко Магденовски 22’ 39’ 40’ Гоце Филипов 31’ Наум Марковски 33’

Рамстор: Ибрахим Бекир 7’ 13’ 21’ 25’ 35’ Ведат Арслан 38’ 38’

Изедначено прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и Рамстор, прва до водство дојде екипата на Телеком во 4та минута преку одличен погодок на Насковски, екипата на Рамстор имаше брз одговор на ова водство и веќе во 7та минута преку Бекир го израмни резултатот. По овие брзо постигнати голови следеше смирување на темпото играта се одвиваше на средината на теренот, а играчите се обидуваа преку соло акции да го превсемат водството. Во тоа успеа екипата на Рамстор која во 13та минута дојде до водство од 2-1, но две минути подоцна Телеком повторно преку Насковски дојде до израмнување. До крајот на полувремето и двете екипи се обидуваа да дојдат до поволен резултат но ниту една од нив не успеа во тоа, на паузата се замина со 2-2. Во второто полувреме се продолжи со жестока борба двете екипи постојано се менуваа во водството, Екипата на Рамстор во последните минути од натпреварот кога сите мислеа дека ја имаат победата екипата на Телеком во една минута успеа да постигне два погодоци да се озбори за реми и понатамошен пласман во разигрувањето. Натпреварот заврши со 7-7.

Макпетрол убедлив во дуелот со Раде Кончар

Макпетрол 14-9(8-0) Раде Кончар

Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 1’ 7’ 8’ 11’ 16’ 19’ 21’ 24’ 26’ 27’ 28’ Марко Костенцовски 4’ 6’

Раде Кончар: Горан Наумовски 22’ Сашо Василовски 29’ Сашо Трпчевски 30’ Ивица Доневски 33’ Мартин Јовевски 34’ 37’ 38’ 39’ Дејан Димитриевски 36’

Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и Раде Кончар, во ова полувреме екипата на Макпетрол ја имаше целосната контрола врз играта и резултатот и покажа доминантна игра што резултираше со високи 8-0 во првото полувреме. Екипата на Раде Кончар не успеа да најде против игра за денес одличната екипа на Макпетрол. Вредно е да се напомене дека во екипата на Макпетрол денес голгетерски расположениот Ѓоргиевски имаше одлично прво полувреме. Во второто полувреме екипата на Макпетрол се опушти по високата предност од првото полувреме па екипата на Раде Кончар ја искористи таа шанса и успеа да ја намали големата предност на Макпетрол. Натпреварот заврши со конечни 14-9.

11 мај 2018 - 08:54