Екипата на ЈСП со тимска игра до победа во дуелот со Џонсон Мети

Екипите на Македонски Телеком, Лукоил и ЈСП славеа победи во првиот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Екипата на ЈСП со тимска игра до победа во дуелот со Џонсон Мети

ЈСП 6-4(4-1) Џонсон Мети

ЈСП: Сабит Хусеини 5’ 20’ Љупчо Павловиќ 9’ 23’ Дејан Блажевски 13’ Томи Петковски 40’

Џонсон Мети: Христијан Стојановски 7’ Благоја Божиновски 26’ 40’ Бојан Дејановски 39’

Во првиот натпревар од деветнаесетото коло силите ги одмерија екипите на ЈСП и Џонсон Мети.

Првата фаза од полувремето помина во висок ритам на игра и двете екипи се определија за офанзивен фудбал, се играше жестоко во рамките на дозволеното. Екипата на ЈСП беше прва која го скрши мразот во 5та минута, екипата на Џонсон Мети имаше брз одговор на ова па само две минути подоцна реализираше одличен контра-напад за израмнување на 1-1. Кон средината на полувремето екипата на ЈСП изврши уште посилен притисок кон противиничкиот гол што резултираше со предност од 3-1 во 13та минута. До крајот на полувремето екипата на ЈСП успешно одолеваше на притисокот на Џонсон Мети и до крајот на полувремето само го зголеми водството на 4-1. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети на самиот старт наметна иницијатива и со сите сили се обидуваше да го намали високото водство од првиот дел, екипата на ЈСП одлично ја постави својата игра и до самиот крај на натпреварот ја имаше контролата врз резултатот. Натпреварот заврши со резултат од 6-4.

Лукоил не дозволи изненадување во дуелот со Халк Банка

Лукоил9-5(4-1) Халк Банка

Лукоил: Жарко Климкаров 4’ 4’27’ 34’ Гоце Мојсоски 10’ Дејан Зиков 17’ 25’ Љупчо Апостоловски 26’ Лоренцо Николовски 37’

Халк Банка: Дарко Крстевски 19’ Мартин Дамески 23’ Влатко Блажевски 36’ Дејан Петкоски 31’ 33’

Првата фаза од полувремето од дуелот помеѓу Лукоил и Халк Банка помина во знакот на екипата на Лукоил која уште на самиот старт ја наметна својата препознатлива игра со многу кобинаторика и воиграни акции што резултираше со предност од 3-0 веќе во 10та минута. Екипата на Халк Банка се обидуваше со чести ротации во составот резултатски да се врати во игра, но успеа да реализира само една од своите шанси па на полувремето се замина со резултат од 4-1. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра, екипата на Халк Банка беше таа која вршеше притисок кон противничкиот гол со цел да го намали водството, но екипата на Лукоил одлично го чуваше својот гол и ја користеше празнината во одбраната на Халк Банка за зголемување на водството. Во завршницата екипата на Халк Банка успеа да се приближи до два гола негатива но немаше сили за израмнување или нешто повеќе. Екипата на Лукоил го доби натпреварот со резултат од 9-5.

Искуството на Телеком пресудно во дуелот со Фабрика Карпош

Македонски Телеком3-0(1-0) Фабрика Карпош

Македонски Телеком: Агрон Пацоли 19’ Роберт Попоски 30’ 39’

Во првиот дел од полувремето помина во помирен ритам на игра двете екипи ги одмеруваа силите на средината на теренот и беа фокусирани на дефанзивна игра, играчите на двата тима се обидуваа со удари од далечина да го отворат резултатот но до средината на полувремето резултатот сеуште беше 0-0 благодарение на одличните одбрани на двата голмани. Во финишот од полувремето екипата на Македонски Телеком успеа да искористи грешка во одбраната на Фабрика Карпош и постигна гол за 1-0 на полувремето. Во второто полувреме двата тима го подигнаа темпото на игра и започнаа со поофанзивен фудбал, се редеа шанси на двете страни но двете екипи денеска имаа слаба реализација. Екипата на Телеком во 30та минута успеа да искористи кикс во одбраната на Фабрика Карпош и го зголеми водството на 2-0. Во финишот од натпреварот екипата на Телеком успеа да го зголеми водствто и да го добие овој натпревар со 3-0.

11 април 2018 - 15:40