РЕАЛ МАДРИД - ЛИВЕРПУЛ 3:1 (0:0)
/Бензема 51’, Бејл 64’, 83’ - Мане 55’/
Големото финале во Киев пред повеќе од 70.000 гледачи започна отворено од двете страни но сериозна шанса немаше до 16’ минута кога Кристијано Роналдо шутираше крај голот.
Неколку минути подоцна најдобриот фудбалер во англиската Премиер лига и човекот од кого многу се очекуваше, Мохамед Салах го повреди рамето во еден дуел со Серхио Рамос и во солзи го напушти теренот. После него се повреди и Карвахал на другата страна кој плачеше повеќе од Египќанецот, веројатно поради фактот дека е можно да го пропуштат големото Светско првенство летово.
Првото полувреме заврши онака како што почна, без голови. Но почетокот на вториот дел донесе неверојатни возбудувања на двете страни.
Прво во 51’ минута голманот на Ливерпул фати една топка пред својот гол од безопасна акција на Реал но во еден момент ја направи можеби најголемата глупост во историјата на финалните дуели во Лига на шампиони. Сакаше со рака да проигра еден од своите соиграчи но иако го виде Бензема пред него, Французинот пружи нога и топката одбиена заврши во гол. Тотално неверојатна глупост за Кариус.
Но радоста на Реал траеше само четири минути затоа што Ливерпул израмни преку Садио Мане кој налета на една одбиена топка по шутот со глава на Дејан Ловрен и го матираше Кејлор Навас.
2 - Loris Karius has made more errors leading to goals tonight (2) than he did in his previous 32 competitive apps for Liverpool this season in 2017-18. Stage. pic.twitter.com/gLTFfiOUPC
— OptaJoe (@OptaJoe) May 26, 2018
Кога навивачите на Ливерпул а и оние неутралните беа сигурно дека Англичаните се вратија во мечот, „Кралевите“ брзо ги разочараа.
Во 61’ минута Герет Бејл влезе наместо Иско кој не беше на препознатливото ниво. На Велшанецот му требаа помалку од две минути за со првиот контакт од игра да направи спектакуларни ножички по центаршутот на Марсело и одново да го врати Реал во предност.
До крајот од мечот Герет Бејл со бомба од преку 25 метри го збуни Кариус кој по втор пат катастрофално реагираше и буквално сам си ја внесе топката во голот за конечни 3-1 за тимот на Зидан кој ја продолжи доминацијата во Европа.
Кристијано Роналдо ја освои петтата титула во Лига на шампиони со што стана единствен на светот со ваков подвиг.
Зинедин Зидан стана прв тренер во историјата кој освоил три пехари во Лига на шампиони по ред.
Како на „Сантијаго Бернабеу“ се славеше кренатиот пехар во Киев:
Santiago Bernabéu the moment Sergio Ramos lifted the trophy!#SR4 #HalaMadrid pic.twitter.com/a93XMR6yrK
— Team Ramos (@TheKingSR4) May 26, 2018