Македонски Телеком во последните минути до победа над ЈСП

Екипите на Македонски Телеком, Аџибадем Систина, Елем и Рамстор се победнци во натпреварите од 5-то до 8-мо место во Бизнис лигата.

Македонски Телеком во последните минути до победа над ЈСП

ЈСП 1-3(0-0) Македонски Телеком

ЈСП: Љупчо Павловиќ 39’

Македонски Телеком: Стефан Наскоски 30’ 40’ Наум Марковски 40’

Првиот натпревар во елиминационата фаза го одиграа екипите на Македонски Телеком и ЈСП, првата фаза од полувремето одмина во испитување на силите играта се одвиваше главно на средината на теренот играчите се обидуваа со соло акции и удари од далечина да го отворат резултатот. Како одминуваше времето и двете екипи го креваа темпото на игра и се предодредија за поофанзивна игра но во ова прво полувреме екипите имаа слаба реализација. На полувремето се замина со резултат од 0-0. Во второто полувреме двете екипи продолжија со жесток ритам на игра и успеаа да створат по неколку одлични шанси за гол, кон средината на полувремето поточно 30та минута екипата на Телеком успеа да реализира една од тие шанси за водство од 0-1. По оваа негатива екипата на ЈСП фрли се на една карта и тргна во офанзива по израмнување што им успеа во 39та минута. Сепак екипата на Телеком во последната минута од натпреварот успеа да постигне два погодоци и да фо гобие овој наптревар со 1-3.

Екипата на Систина со пресврт во финишот од натпреварот до победа над Џонсон Мети

Аџибадем Систина 3-2(0-1) Џонсон Мети

Аџибадем Систина: Александар Јаневски 34’ Далибор Дамјановиќ 39’ Кристијан Димковски 40’

Џонсон Мети: Мартин Николовски 19’ 32’

Во вториот натпревар од елиминационата фаза силите ги одмерија екипите на Аџибадем Систина и Џонсон Мети. Двете екипи одиграа израмнето прво полувреме без многу шанси за погодок, но во жесток ритам со многу борба во рамките на фер-плејот. За одбележување во ова полувреме се и одбраните на двата голмани кои успеаа да скротат “зицер“ шанси во неколку наврати. И кога се мислеше дека полувремето ќе заврши со 0-0 во 19та минута екипата на Џонсон Мети успеа да реализира еден полу контра-напад преку Николовски за водство од 1-0 со кои се замина на полувремето. Во второто полувреме двете екипи се определија за офанзивен стил на игра и се редеа шанси на двете страни, кон средината на полувремето екипата на Џонсон Мети успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 0-2. По ова водство екипата на Џонсон Мети мислејќи дека е добиен напреварот се опушти и направи неколку грешки во одбраната па екипата на Систина успеа за неколку минути да направи целосен резултатски пресврт и заслужено да го добие натпреварот. Натпреварот заврши со резултат од 3-2

ЕЛЕМ во последната секунда до победа над Фабрика Карпош

Фабрика Карпош 2-3(1-1) ЕЛЕМ

Фабрика Карпош: Александар Божиков 20’ Игор Николовски 36’

ЕЛЕМ:Ристо Стефановски 12’ Влатко Петровски 32’Горан Николов 40’

Екипите на Фабрика Карпош и ЕЛЕМ одиграа прво полувреме во висок ритам со многу шанси и на двете страни, екипата на ЕЛЕМ овој натпревар започна да го игра со тактиката голман-играч со што имаше вишок во фаза на напад и имаше повеќе од играта, што резултираше со погодок во 12та минута за водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Фабрика Карпош тргна со поофанзивна игра и успеа да створи неколку шанси за израмнување и успеа во тоа во 20та минута кога Божиков искористи грешка во одбраната на ЕЛЕМ и го лобуваше голманот. На паузата се замина со резултат од 1-1. На стартот на второто полувреме двете екипи го смирија темпото на игра и се чинеше како да тактизираат со резултатот, како одминуваше полувремето се креваше темпото на игра и почнаа да се редат шанси и на двете страни. Екипата на ЕЛЕМ во 33та минута успеа да искористи една од своите шанси за водство од1-2, eкипата на Фабрика Карпош не се откажуваше од натпреварот и во 36та минута успеа да реализира еден контра-напад да го изедначи резултатот и да ги направи последните минути од натпреварот неизвесни. И кога се очекуваше крајот на натпреварот буквално во последните секунди екипата на ЕЛЕМ успеа да реализира за победа од 2-3.

Рамстор со сериозен пристап до победа над Гранит

Рамстор 4-2(3-0) Гранит

Рамстор: Ибрахим Бекир 1’ Енис Мурселов 17’ Ведат Арслан 18’ 25’

Гранит: Дарко Стојановски 40’ Дарко Петров 40’

Натпреварот помеѓу Рамстор и Гранит имаше одлично отварање за екипата на Рамстор која уште во првата минута успеа да постигне погодок и да го превземе водството, по овој брз погодок следуваше вистинска бркотница по теренот со многу шанси за погодок и на двете страни. Екипата на Гранит успеа да створи неколку шанси за израмнување но екипата на Рамстор одлично ја имаше поставено својата одбрана и голманот со одлични одбрани ги спречи во таа намера. Екипата на Гранит во последните минути во игра внесе голман-играч и со сите сили тргна кон израмнување, во таквата офанзивна игра заборавија на својот гол што екипата на Рамстор вешто го казни па на полувремето замина со висока предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на Гранит фрли се на една карта и со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување на резултатот, тие успеаа да створат неколку шанси но денеска имаа слаба реализација екипата на Рамстор во вторто полувреме одлично ја имаше поставено својата игра и во фаза на напад и во одбраната и доста рутинирано дојде до победата со резултат од 4-2.

15 мај 2018 - 09:07