Манчестер со пресврт во една минута ја совлада ЦСКА Москва, понатаму одат и Базел, Рома и Јувентус. Стефан Ристовски одигра 45 минути против Барселона и на полувреме излезе од игра. Во ЛЕ: Спортинг Лисабон, ЦСКА, Атлетико и Селтик.
Во ноември BBC објави резултати од едногодишното истражување на Price of Football за тоа колку пари чинат билетите и сезонските карти за фудбал во сите англиски и некои европски лиги. Германците пристојни, Англичаните со претерано скапи карти.
ПСЖ безобразен против Селтик кој го декласираше со 7:1. Јувентус и Барса одиграа мирољубиво на меч во кој Меси влезе во второ полувреме. Нашиот репрезентативец учествуваше во триумфот на Спортинг од 3:1 против Олимпијакос од 85-та минута.
Од малиот Комо до висините на Светското првенство 2006-та каде го крена највредниот златен пехар во спортот. Патот на Џанлука Ѕамброта е интересен од повеќе аспекти. Играше во најголеми европски клубови, заигра со Роналдињо но реши да се врати во татковината.
Македонскиот репрезентативец на голема врата дебитираше во елитното натпреварување и цели 90 минути се справи добро со ѕвездите на Јувентус. Рома го декласираше Челси, ПСЖ од друга планета, а Барселона киксна во Пиреја.
Италијанскиот напаѓач Симоне Ѕаѕа во само неколку месеци помина пат од дното на врвот. Самиот искрено признава дека ако не паднеш никогаш нема да знаеш како е горе. Се препороди во шпанска Валенсија каде дава голови како машина.
Со 30-ина шута на двата гола и вкупно шест погодоци, Челси и Рома го оправдаа епитетот дерби на колото. Барса, ПСЖ и Баерн рутински. Јувентус непоразен на 25. меча дома во ЛШ.
Екипите на Рамстор и ЕВН броеа до 10, а Аџибадем Систина и Фабрика Карпош одиграа без победник во вториот ден од 3. коло во Бизнис лигата на Македонија.