Ракометарките на Вардар втора година по ред ќе се качат на подиумот со најдобрите европски екипи, откако денес во дуел за 3. место го совладаа Динамо Синара 28:26.
Ракометарките на Вардар и втора година по ред не успеаа да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите. Во таа намера ги спречи црногорскиот претставник Будуќност кој како и лани ги надигра црвено-црните во секој сегмент. Скопјанки за бронзата ќе се борат со Динамо Синара.
Денешната ждрепка на Универзитетот Мохоли-Наѓ во Будимпешта на Вардар му го донесе апсолутниот шампион на Црна Гора, екипа против која Индира Кастратовиќ и црвено-црните девојки се измачија и лани и сезонава.
Македонскиот ракометен шампион го доби најтешкиот противник на денешното извлекување во Будимпешта. За пласман во финале во Лига на шампиони ќе се бори против Будуќност со кој се сретна и лани на Ф4.
ЖРК Вардар втора година по ред стигнува до посакуваниот Ф4 во Будимпешта, а нивниот успех на големо се следеше пред салата салата Јане Сандански. Четвртфиналниот дуел во Унгарија е само прво полувреме за навивачите на Вардар, кои продолжуваат со ракометната еуфорија и се селат внатре за дуелот РК Вардар - Кјелце на кој мажите ќе бркаат историја.
Најдобрата светска ракометарка во четвртфиналниот меч на Вардарки асистираше со лажни очи, покажа пожртвуваност во одбрана во последната минута, а го направи и најатрактивниот потег на мечот кој не потсеќа на головите на Дибиров и Манасков.
Осум години Ѓер игра во полуфиналето на Лигата на шампионите, има четири финалиња и две титули. Сепак бројките не важат во Јане Сандански, каде ракометарките на Вардар вечерва го скротија актуелниот европски првак 24:18. Реваншот е за седум дена во Унгарија.
Ракометарките на Вардар во сабота во својот дом „Јане Сандански“ го пречекуваат унгарски Ѓер, во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите. Кастратовиќ, Радичевиќ и Лекиќ согласни дека веќе нема поправен испит и дека Унгарките мора да загубат пред полна сала.
Во последното коло од групната фаза, ракометарките на Вардар го совладаа тимот на Динамо Синара 28:27. Амандин Лејно со дури 14 одбрани беше најзаслужна за триумфот на црвено-црните, кои во четвртфиналето ќе играат против унгарскиот Ѓер.
Во последното коло од втората фаза по групи во ЛШ, ракометарките на Вардар во сабота го пречекуваат составот на Динамо Синара oд кој убедливо зaгубијa нa првиот меч 33:25.
По серијата слаби резултати, ракометарките на Вардар конечно го покажаа својот квалитет, овој пат против Крим на гостински терен 29-47. Покрај освоените бодови, Вардарки го срушија и рекордот на постигнати голови на еден европски натпревар во својата клупска историја.
Во пресрет на претпоследното коло од Лигата на шампионите, ракометарките на ЖРК Вардар се исплашиле пред да слетаат на пистата до толку што мислеле дека тоа е крај.
Благодарение на извонредната Ина Суслина која блесна во второто полувреме, тимот на Кастратовиќ стигна до потребната победа во 4. Коло од Лигата на шампионите и остана во игра за четвртфинале.
Ракометарките на Вардар го претрпеа најтешкиот пораз во Лигата на шампионите сезонава, 33:25 (15:12). Динамо Волгоград беше убедливо подобар од црвено-црните кои имаа преголем број на неизнудени грешки и промашени зицери.
Градинка во Карпош некаде кон крајот на 1996-та. Дечурлана 4-5 години, собрани да пеат нешто. Воспитувачката додека да ги собере, они имаат штимунг проба на сопствена, тогаш една од најмачните, скопски теми. Напред Вардар!
Неочекувано лесно и убедливо Вардар го совлада словенечкиот Крим 41:30 во продолжението од групната фаза на ЛШ. Најзаслужни за првите бодови во ТОП12 фазата беа Јованка Радичевиќ со осум погодоци и Лекиќ и Дембеле со по шест голови.
Ракометарките на Вардар во сабота играат исклучително важен натпревар во групната фаза од ЛШ. Во Скопје гостува традиционално незгодниот Крим од Љубљана, за кој играат довчерашната вардарка Алисон Пино и Мирјета Бајрамовска.
Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.
Избраничките на Индира Кастратовиќ го загубија последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите од Турингер, но тоа не им го загрози местото во следната рунда каде повторно ќе се игра во групи.
Ракометарките на Вардар на полувремето имаа 2 гола негатива, но на крајот имаа шут за победа против Будуќност од Подгорица. Конечните 24:24 во сенка на повредата на Андреа Лекиќ во 9' минута.
Ракометарките на Вардар во недела го играат регионалното дерби од ЛШ против Будуќност, екипа која убедливо ги победи во Подгорица. Кастратовиќ не се плаши од гостинските навивачи кои ќе ги бодрат Црногорките во „Јане Сандански“.
Убедлив триумф на Вардарки против Подравка 35:25, во натпревар во кој шанса добија и девојките од младинската школа на клубот. Јованка Радичевиќ најефикасна со 5 гола, Суслина имаше 13 одбрани.