Нема калкулации, Вардарки одат на победа против Динамо

Во последното коло од втората фаза по групи во ЛШ, ракометарките на Вардар во сабота го пречекуваат составот на Динамо Синара oд кој убедливо зaгубијa нa првиот меч 33:25.
На денешниот прес, во пресрет на дуелот со Динамо Синара, тренерот Индира Кастратовиќ изјави дека остава јавноста да се занимава со шпекулации, а нив во глава им е само победа, по можност поголема од девет голови разлика.
„Во сабота играме исклучително важен меч. Целата јавност прашува за калкулациите, но ние сме екипа која не размислува на таков начин. Нам како клуб најважно ни да го победиме Динамо Волгоград. Ова ни е најважниот меч во досегашниот тек од сезоната, иако сме пласирани понатаму“, го почна денешниот прес тренерот Индира Кастратовиќ.
 По убедливото славје против Крим во Словенија, атмосферата меѓу Вардарки е многу подобра отколку пред две недели кога „замрзнаа“ на -8 во Волгоград.
„Како што кажа Индира, нам во главата ние само победа. Пред последното коло сакаме само едно, а тоа да го победиме Динамо. Не чека тешка задача, затоа што Динамо има врвни напаѓачи и крила. Верувам дека гледачите ќе уживаат во последниот натпревар од оваа фаза“, изјави Јованка Радичевиќ.
Во однос на составот, Кастратовиќ изјави дека чека извештај од лекарскиот тим за состојбата на Алтхаус.
„Како што знаете, Ања Алтхаус вчера заработи повреда на носот во првенствениот меч против Металург, а сите останати ракометарки се спремни за саботниот дуел против Динамо Волгоград.
Средбата ЖРК Вардар - Динамо Синара Волгоград се игра во сабота со почеток од 19 часот во СЦ Јане Сандански. Цената на влезниците е 300 денари.