Херојството на Украинците во борбите против руската армија на почетокот од војната се отсликуваше и со непрестаен наплив на нови волонтери за влегување во униформа и заминување на фронт. Последниве месеци ентузијазмот на овие вторите полека почнува да се губи, пишува Вол стрит журнал.
Ако се суди според стартот, Англичаните се најсериозни кандидати за првата позиција во квалификациската група Ц за ЕП 2024, каде што е и Македонија. По триумфот на гости против Италија, во второто коло ја совладаа дома Украина со 2:0. Кејн и Сака за 3 минути ја заверија победата. 21 годишниот член на Арсенал постигна убав гол.
Неполна недела откако се појавија извештаите на разузнавачките служби дека „Путин игра на време“ Вашингтон пост објавува дека американски функционери почнале да ги притискаат украинските лидери дека е крајно време да се направи значителен напредок на военото поле.
Поранешниот израелски премиер обелодени дека САД и западните сојузници ги блокирале неговите обиди за мир во Украина. А тој се чинел можен и дофатлив, бидејќи двете страни се согласиле на сериозни отстапки. Само што правеле 'есап без крчмарот' кој решил да мава по Путин а не да преговара со него.
Русите во Украина го имаат Вагнер, а Американците Моцарт. Двајцата основачи на Моцарт фатија да се тужат по американски судови за измами и корупција а во суштина на спорот лежи потенцијалот Моцарт да се развие во глобална група која ќе оперира во разни воени жаришта. Судот во Вајоминг треба да реши кој од нив двајца ќе испадне Густав Малер.
Додуша, ич не му беше ќеиф кога на 100 метри (и уште во три дисциплини) победи црниот Џеси Овенс, но дури и Хитлер дозволи на Олимпијадата во Берлин 1936 да учествуваат оние кои ги сметаше за нижи раси. Зеленски пак, не сака ни да види Руси на Олимписките игри во Франција.
Бившиот претседател на САД, Доналд Трамп, предупреди дека испраќањето М1 Абрамс тенкови во Украина е директна увертира во нуклеарна војна. Слично мислење имаше и оној што сега ја одобри пратката, претседателот Џо Бајден, ама тоа беше лани. А лани за лани.
За оваа една година војна во Украина, Германија и понатаму останува зависна од увоз на енергенси, но тоа веќе не се руски туку се купени на меѓународен пазар, изјавува германскиот министер за енергетика, Кристијан Линдер.
По средбата меѓу јапонскиот премиер и американскиот претседател во Вашингтон беше испратено предупредување до Русија да не помислува да користи нуклеарно оружје во Украина. Повратната порака од Москва дојде од Медведев кој мисли дека Јапонецот се обрукал и му предлага решение.
Куршевел е името на францускиот алпски ски-ресорт што дури и вашите најбогати пријатели се воздржуваат да го изговорaт да не случајно некој спомне да се оди таму на зимување. Тоа не значи дека кафаните во Куршевел се празни и дека нема кој да оди.
Откако воведе санкции, ЕУ замрзна 300 милијарди евра руски државни резерви, и милијарди од сметките на други руски богаташи. Од тогаш ЕУ нема конечен став што ќе прави со парите и додека се труди да ги пофаќа сите краеви за сите членки да бидат задоволни и да гласаат за каков било план за трошење на руските пари, Естонија веќе се подготвува сама да почне со запленување руски пари.
Откако две последователни години, животите главно ни ги диктираше пандемија, сега проблемите во светот се главно поврзани со Украина. Во месеците што следат, ќе мора да се справуваме со геополитичките и безбедносни реперкусии од конфликтот, да се бориме со инфлацијата, хаосот во енергетиката и да ги следиме пост-пандемиските прилики во Кина.
Првиот човек на Украина и првиот човек на најголемиот инвестициски фонд во светот, Блекрок, се договорија овие вторите да ги преземат („координираат“) инвестициите во економијата и обновувањето на Украина.
Наградуваната воена репортерка Матилдe Кимер, која за данската телевизија известува од Украина уште од почетокот на кризата во 2014-та, откри дека украинската разузнавачка служба неочекувано ѝ ја укинала акредитацијата. Ѝ понудиле да ја преиспитаат одлуката, под услов тие да имаат завршен збор во нејзините репортажи.
Украина може треба да и заблагодари на Германија што не и прати тенкови, откако од 18 тенкови ангажирани за една воена вежба во Германија сите 18 биле „капут“.
Најлошото околу финансиското страдање на Унијата заради цените на енергенсите е што тоа е само почеток на најголемата криза што се случила во последните децении, пишува Блумберг.
Oфицијален Киев бара oд западните сојузници да ги бојкотираат руските уметници и автори, и тоа не само оние кои го поддржуваат Путин. Со оглед на тоа што Оревокршачката е божиќна класика а картите наголемо се продаваат, Украина добива одговор: ај може следниот Божиќ навреме ќе ни кажете што да правиме.
За време Студената војна, никогаш не верував дека сме во опасност. Кубанската криза, што ми го подрасипа 11-от роденден, ме убеди дека сите ќе имаат малку повеќе разум. Мислев дека телевизиските драми за нуклеарен Армагедон се неубедливи. Не можеа да смислат веродостојна причина за почеток на таква војна. Но, сега тоа делува сосем уверливо.
Директорот на руското странско разузнавање, Сергеј Наришкин, кој јавно беше прекоруван од Путин дека не си ја завршил работата, тврди дека Полска се подготвува за анектирање на украинска територија.
Баснословни цени на гасот, продажба на оружје и трговија во време кога Путин ја уништува Украина и се заканува дека ќе го уништи западното сојузништво се главните гревови кои ЕУ им ги препишува на САД.
Вон Европа глобалното чувство за континентот се сведува на две емоции: воодушевување за тоа како се обедини да ја помогне Украина и да и се спротивстави на Русија; и преплашеност, дека бруталните економски проблеми ќе претставуваат тест за европската отпорност во 2023 и подоцна.
Без разлика дали си во Киев и Одеса или во некое зафрлено украинско селце позади седум планини и езера, деновиве генератори за струја се едни од главните јунаци на украинскиот пркос како кон Русија, така и кон студот.
Сумата од 91,3 милијарди долари е за 33% поголема од вкупната воена потрошувачка на Русија за годинава, и е за 2 пати поголема од просечната американска годишна потрошувачка за војната во Авганистан.
Протечени документи обелоденуваат планови на британски воено-разузнавачки кругови да регрутираат и обучуваат тајна воена единица за диверзии и саботажи на Крим. Притоа сумата е фантастична: 600.000 долари годишно за обука на еден „партизан.“