Трамп до Бајден: Ќе почнеш со тенкови, ќе завршиме со нуклеарки

Бившиот претседател на САД, Доналд Трамп, предупреди дека испраќањето М1 Абрамс тенкови во Украина е директна увертира во нуклеарна војна. Слично мислење имаше и оној што сега ја одобри пратката, претседателот Џо Бајден, ама тоа беше лани. А лани за лани.

„Ќе почнеш со тенкови, ќе завршиме со нуклеарки! Заврши ја оваа луда војна, СЕГА. Лесно е!“ напиша Трамп.

Реакцијата на екс-претседателот стигна откако ден порано администрацијата на Бајден објави дека ќе испрати триесет и еден модерен М1 Абрамс тенк, како одговор на барањата на Зеленски во декември. Во најновата пратка ќе има и 500 оклопни возила. 

И Германија потврди дека наскоро ќе прати четиринаесет од своите Леопард 2 тенкови и дека ќе дозволи тие да се препраќаат и од други земји на НАТО, како помош за Украина. И Франција размислува за слично, а претседателот Макрон побара од својот министер за одбрана „да поработи на идејата“.

Германија долго време ги условуваше САД први да испратат тенкови во Украина, но Пентагон се колебаше.

Сегашната одлука на Бајден е коперникански пресврт во однос на тоа што го зборуваше лани.

„Идејата дека ќе испраќаме напаѓачка опрема, авиони, тенкови кои ќе одат со наши луѓе, мора да разберете, тоа се вика Трета светска војна. ОК? Да се разбереме: нема да почнуваме Трета светска војна во Украина“, рече Бајден во март 2023-та.

Русите во меѓувреме сè уште се тепаат со старите Т-72 тенкови од времето на Советскиот Сојуз. 

„Не се залажувајте себе си. Ќе испраќаме авиони и тенкови? Јасно ви е дека тоа значи Трета светска војна?“, предупреди Глен Бек.

 

27 јануари 2023 - 13:26