Во документот што го потпишуваат Зеленски и ЦЕО-то на Блекрок, Лари Финк, стои дека тие „се договориле да се фокусираат на краток рок на координирањето на напорите на сите потенцијални инвеститори и учесници во обновувањето на земјата, насочувајќи ги инвестициите во најрелевантните и највлијателни сектори на украинската економија.“
Двајцата прв пат во септември зборуваа за носење јавни и приватни инвестиции во Украина за помош за реизградба на земјата по руската инвазија.
Од Блекрок во ноември објаснија дека тие даваат „советодавна поддршка за оформување на инвеститорска рамка, со цел создавање можности за јавните и приватните инвеститори да учествуваат во идната реконструкција и возобновување на украинската економија.“а
Киевската школа за економија во ноември штетите од војната ги процени на 135,9 милијарди долари.