Студентското движење во Србија, за да биде успешно и толку да се омасови, мораше да игра на карта на аполитичност и дистанцирање од партии и политички организации. Но, тоа истовремено е и благослов и проклетство. Аполитичко движење со широка база, на крајот води до два исхода: диктатура или хаос. Бидејќи хаосот не може да трае, тоа во секој случај произведува диктатура.
Британија носи закон по кој на сите кои родени по 1 јануари 2009 ДОЖИВОТНО ќе им биде забрането да купат тутунски производи. По него, во 2091 година, 83-годишник со рак во терминална фаза не ќе може да купи кутија цигари, ама затоа неговиот 84-годишен цимер ќе може. После која ли генерација со вакви закони Британците ќе станат совршени луѓе, убер- раса, никогаш дебели, никогаш пијани?
Врвни светски интелектуалци и креативци предупредија дека цензурата ја уништува слободата, замолчува легитимни мислења и ја поткопува демократијата која бара дебата и соочување на различните мислења. Секогаш го имало тоа, само што сега размерите се стравични, благодарејќи на моќните технолошки алатки и „експертите за дезинформации“ кои го чуваат просторот од непожелни мислења.
Крис Хеџис информираше дека од Јутјуб е тргната целата архива од неговото шестгодишно шоу „ON Contact“’за кое беше номиниран и за наградата Еми. Ама баш сè. „Поинформирано општество сме сега со ваква цензура?“, прашува 'исчезнатиот' некогашен долгогодишен дописник на Њујорк Тајмс.
Основачот на Викиликс не влезе ни во последната листа на помилувања која Доналд Трамп ја достави за извршување пред да ја напушти функцијаta. Помилувани се советници, донатори, рапери, но не и Џулијан Асанж. Помилување не доби ни нашиот Тајгер Кинг.
Трамп се покажа како кукавица а неговите приврзаници, ако навистина им е до каузата, би требалко да гласаат за Сандерс, оценува словенечкиот филозоф. „Да се надеваме дека она што се случи на шести јануари во Вашингтон ќе стави крај барем на бесрамното испраќање американски набљудувачи на избори во други земји за да ја оценуваат нивната правичност“, порачува Славој Жижек.
Секој спортист кој намлатил пари беше поважен од научник, вирусолог, онколог. Сите оние кои трупаа неизмерни богатства стана подобри филозофи и економисти, подобро ја знаеа историјата од историчарите, секоја курва на популарните телевизии знаеше како да се организира семејниот живот подобро од мирниот и чесен народ.
Колку и да звучи будалесто, актулниот конфликт меѓу Иран и САД почнува да потсетува на виц. Само што за нас Европјаните, има уште многу работи од кои може да се плашиме.
Феминистичкото отфрлање на Фројд води кон една залудна желба сексот докрај да се рационализира бидејќи тој во суштина е перверзен. Политички коректните препораки да не се зборува за убавото и убавите луѓе (да не би биле објективизирани) не им помага ни на грдите, порачува Жижек.
Славој Жижек има добра слика за тоа што се случува со природната околина. Еден од ретките со суштинска критика, особено против индивидуалистичкиот пристап кон проблемот, со опсесивно рециклирање, веганство и слични претерувања. Сето тоа според Жижек е одраз на немоќта на индивидуата и бегање од реалноста: проблемот може да го реши само целиот свет заеднички, како обединет колектив.
Лавината емоции и жестоки дебати околу последната сезона на Игра на тронови и особено нејзиниот крај, словенечкиот филозоф ја гледа како резултат на идолошките конфликти во неа. Според Жижек, таа допре пар големи идеолошки уплави: стравот од револуцијата и стравот од политички моќната жена.
Нашата природна состојба е состојба на инертен хедонизам и оттука парадоксот: колку подолго живееме слободни, толку повеќе биваме неслободни, заробени во постоечките рамки на можностите, вели Слaвој Жижек. Затоа, во нашата сопствена слобода треба да нè подбутне некој од надвор.
Денешната левица се соочува со вознемирувачкото искуство, на крајот на една цела епоха на прогресивно движење, искуство кое ја присилува да ги преформулира најосновните координати на сопствениот проект.
Не дека ваква сплетка не можеше да се очекува. Откако заради разочараност со капитализмот голем број десничарски движења од Источна Европа тргна во уште една пресметка со комунизмот, логото на холандското пиво Хајнекен се наметна како сериозен предизвик во оваа идеолошка забуна: симбол на продорот на капитализмот со петокрака на шишето. Не само тоа, неретко на либералите ова лого им претставуваше клуч во одбраната од нападите од десно.
„Не можам да имам секс за една ноќ. Во Љубљана точно можете да погодите со кои жени сум спиел. Со сите се имам оженето“, вели меѓу другото Славој Жижек во мозаичниот текст за тоа како е да се биде лош татко, за агресијата која во него расте и за тоа како скрибоманството му го спасило животот.
Малкумина аналитичари очекуваа Британците да гласаат за излегување од ЕУ или Американците да го изберат Доналд Трамп за свој следен претседател. Сепак не требаше многу време за да се појави консензуално објаснување на ова. Но кога се во прашање комплексни проблеми, треба да се пазиме од вака лесни заклучоци.
Словенечкиот филозоф вели дека победата на Трамп е добра работа затоа што може да биде аларм за будење на заспаното општество и особено либералната елита која има изгубено допир со реалноста. И се чуди како Хилари мислеше да победи со коалиција во која ќе бидат и Вол Стрит и Окупирај го Вол Стрит.
Словенечкиот филозоф е загрижен поради европскиот однос кон бегалците. Не од крајната ксенофобна десница која цути низ континентот туку од заблудите на либералите и онаа хуманитарност која се темели на тезата дека сите сме исти. "Не сме сите исти", порачува Жижек залагајќи се за солидарност на реалистични основи.