Жижек за Трамп: Ми се гади и тоа е доброто

Словенечкиот филозоф вели дека победата на Трамп е добра работа затоа што може да биде аларм за будење на заспаното општество и особено либералната елита која има изгубено допир со реалноста. И се чуди како Хилари мислеше да победи со коалиција во која ќе бидат и Вол Стрит и  Окупирај го Вол Стрит.

Токму шокот од победата на Трамп би можел да биде позитивниот резултат од изборите доколку тој предизвика реструктурирање на целиот политички простор, смета Славој Жижек.

Тој и пред изборите рече дека доколку би бил Американец, би гласал за Трамп за тоа што победата на Хилари би била дополнително анестезирање на општеството.

Жижек забележува дека обединувачката коалиција на Клинтон била апсурдна бидејќи се обидела да спои неспоиви ентитети и вредности: И Вол Стрит и Окупирај го Вол Стрит, и ЛГБТ и парите од Саудиска Арабија.

"Нејзината лажна иделолошка формација беше бутален глобален капитализам со човечки лик," оценува Жижек.

 

21 ноември 2016 - 07:06