Еднаш поранешен македонски репрезентативец, одличен фудбалер, раскажал анегдота дека кога отишол на проба во белградски Партизан, на тренинг се појавил со црвени шорцеви. Го вратиле моментално а тренерот му рекол: „Јас дома патлиџан не јадам зошто е црвен, ти со црвени шорцеви ми доаѓаш“. Нешто слично го снашло и некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Бока.
Кошаркарите на Партизан се нови шампиони во регионалната АБА лига за сезоната 2024/2025. Црно-белите во финалната серија беа подобри од подгоричка Будуќност со 3-1 во победи. Синоќа во Белград ставија печат со триумф 90:75 пред повеќе од 20.000 свои навивачи кои направија френетична атмосфера.
Шпанскиот клуб Бетис го играше своето прво европско финале, во Лига на Конференции против Челси на стадионот во Вроцлав во Полска. Таму отпатувале 12-13.000 зелено-бели навивачи а дома на стадионот „Бенито Виљамарин“ преку 59.000 навивачи го гледале дуелот на 4 големи видео бима, од 4-те трибини. На голот во 9-та минута во градот како да имало земјотрес.
За првпат во историјата на Евролига една навивачка група, овојпат онаа на Панатиниакос позната под името Гејт13 гостуваше во белградска Арена на меч против Партизан. Ова беше дополнителен мотив за и онака загреаните црно-бели да направат земјотрес во салата. Преку 20.000 навивачи на Партизан го видоа најдобриот меч на нивните играчи кои го растурија европскиот првак со 18 поени разлика - 91:73.
Во шпанска Ла Лига, во големото баскиско дерби Атлетик Билбао пред повеќе од 50.000 гледачи на својот нов „Сан Мамеш“ го совлада големиот ривал Реал Сосиедад. Ама во Шпанија има здраво ривалство па така може да се видат и вакви мили сцени: навивач на Сосиедад во море црвено-бели навивачи на Атлетик.
Република Ирска се држеше добро на „Вембли“ во Лига на Нации до 53' минута кога почна страшна канонада на Англија. Од тој момент кога Хари Кејн од пенал го отвори резултатот па сè до 58-ма минута Ирска прими три гола и губеше 3:0. До крај Англичаните „пукнаа петарда“ и со 5:0 ги испратија гостите. Меѓу стрелците беше и младиот стопер Тејлор Харвуд-Белис (22) од Саутемптон кој постигна дебитантски гол со глава.
За време на натпревар од раната фаза на германскиот Куп меѓу Карл Зајс Јена и Рот Вајс Ерфурт гостинските навивачи си дошле со боја, со молерска опрема, со четки и го обоиле гостинскиот сектор во нивните црвено-бели бои.
Норвешкиот трикратен првак Бодо Глимт кој доаѓа од крајниот север на Норвешка, направи ново чудо во еврокуповите откако го совлада 40-кратниот шампион на Португалија, гигантот Порто со 3-2 иако од 51-ва минута играше со играч помалку.
Навивачи на белградските црно-бели веќе долги години се во војна со управата предводена од извршниот директор Милош Вазура чија оставка и одговорност бараат за катастрофалното водење на клубот. Партизан одамна е во мизерна состојба а кулминацијата беше летово кога испаднаа во квалификации за сите три еврокупа. Вечерва од 19:00 на стадионот „ЈНА“ треба да се одигра дербито Партизан - Црвена Звезда, но група вандали синоќа уништиле дел од теренот па прашање е дали дербито и како ќе се одржи.
Денес апсолутно заслужено голманите се заштитени како бели мечки па во нивниот простор, во петерецот не смее глас да се слушне. Ама не било така и порано. Им влегувале во дуели со лактови, со тупаници, со колена, а влегувале и тие на противниците.
Еден навивач на Брајтон стана хит на друштвените мрежи откако беше забележан како слави победа на неговиот тим против Манчестер Јунајтед со гол во длабоко судиско продолжение во 90+5’ минута. Фатен во кадар со маска од галеб како што е прекарот на Брајтон („галеби“) веднаш зад фрустрираниот Тен Хаг.
Најтрофејниот светски тенисер по број на Гренд слем трофеи стигна во Лондон и веќе неколку дена тренира пред Вимблдон. Новак Ѓоковиќ стартува утре во 1. коло против чешкиот тенисер Вит Коприва. Во разговор со Вишковиќ од Спортклуб ги насмеа присутните на крајот од муабетот.
Познатиот телевизиски гигант од Германија - Westdeutscher Rundfunk нарачал анкета во која меѓу другото испитаниците биле прашани „дали репрезентацијата треба да ја претставуваат повеќе бели играчи“?
Еден од најголемите тимови во Формула 1, Скудерија Ферари го претстави својот нов болид за новата сезона 2024. Болидот не наликува на неговите претходници и во Ферари сметаат дека е апсолутно најдобар досега. Новата сезона почнува со трка за Големата награда на Бахреин закажана за 2-ри март. Новиот болид на Ферари ќе го возат членовите на овој тим Карлос Саинц и Шарл Леклер кои ќе пробаат да ги тргнат од тронот Ред Бул и Макс Ферстапен.
По сјајните сезони во Будуќност Подгорица, Дејан Милојевиќ добил богати понуди од Динамо Москва и од Црвена звезда, но сакал да работи со тренерот Душко Вујошевиќ и потпиша со Партизан. Со белградските црно-бели играше во Евролига и играше во две финалиња на Јадранска лига.
Во големото белградско вечно дерби во 19. коло од кошаркарска Евролига, Црвена звезда со 88:72 го совлада Партизан и ја забележа и втората победа по ред по онаа со Фенербахче во Истанбул. Во белградска „Арена“ вриеше како во котел.
На мечот меѓу Партизан и Виртус Болоња (75:77) во Евролига, навивачите на белградскиот тим направија прекрасен призор со илјадници фрлени плишани мечиња на паркетот, како новогодишен подарок за децата од социјално загрозените семејства. Притоа компанијата НИС (Нафтна индустрија Србије) најавила дека за секоја играчка на паркетот ќе донира по 1.000 динари за да се купи зимска облека и чевли за деца од социјално загрозените семејства.
Налетавме на интересен статус на ФК Коњаре кои споделија видео од последното гостување против Башкими, инаку третолигаши од околината на Скопје. И двете екипи се воодушевени од атмосферата и со право, бидејќи ваква посетеност нема на многу прволигашки натпревари. Па уште и бели ленти има, како во Јужна Америка.
Во средината на октомври на профилите на социјалните мрежи на лондонски Арсенал се појавија клупски фотографии од женската екипа и веднаш разбудиле еден дел од тамошната јавност.
Со висина од фасцинантни 222 сантиметри, младиот Французин Виктор Вембанјама кој како прв пик на драфтот летово беше избран од Сан Антонио Спарс влегува во редот на највисоките кошаркари на светот. Да се потсетиме кои се?