Арсенал критикуван зошто во женскиот тим имало само бели фудбалерки

Во средината на октомври на профилите на социјалните мрежи на лондонски Арсенал се појавија клупски фотографии од женската екипа и веднаш разбудиле еден дел од тамошната јавност.

На одреден дел од британската јавност не му се допаднало тоа што екипата е составена само од бели фудбалерки и дека нема претставнички од другите раси, па Арсенал се извинувал.

„Ниту една професионална екипа, машка или женска во 2023-та година не смее да има тим составен само од бели играчи“, напишал еден корисник а друг додал: „Сите бели?! Арсенал, неопходно е да смениш нешто“.

„Топџиите“ потоа пуштиле соопштение во кое ветиле поголема инклузивност во иднина.

„Признаваме дека на актуелниот состав на првиот тим кај жените недостига разновидност која постои во клубот во целост и во општеството кое го претставуваме. Учество на млади жени и девојки од разни слоеви на општеството е клучен приоритет на нашата академија.

Ќе преземеме конкретни мерки за тоа фудбалот да стане подостапен за сите. Се гордееме со тоа што во нашите екипи има играчи од разни националности кои се врамија во нашата историја, успеси и култура.

Ќе продолжиме да гарантираме разновидност и инклузивност“.

ЖЕНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АНГЛИЈА ЈА КРИТИКУВАЛЕ ЗА ИСТОТО

Во август месец кога женскиот фудбал беше актуелен поради Светското првенство, водителот Вилфред Емануел-Џонс во студиото на Скај ја критикувал женската фудбалска репрезентација на Англија за недостиг на разновидност.

„Ова буквално боде очи. Фудбалската репрезентација на Англија е изгледа русокосо и синооко. Да беше ова Светско првенство во машки фудбал, составот на Англија би бил разновиден.

А во женската репрезентација не е претставена разновидноста на Британија. Сите се русокоси синооки фудбалерки и јас им посакувам се најдобро. Но сметам дека сме должни да си поставиме прашање: зошто таму фали разновидност? Ако во машката репрезентација има зошто нема и во женската?“

Тогаш Емануел-Џонс многумина го обвиниле за расизам и му укажале на тоа дека во репрезентација се викаат најдобрите играчи без разлика на бојата на кожата.

24 октомври 2023 - 12:03