21% Германци сакале побела репрезентација, селекторот: „Тоа е расизам и срање“

Познатиот телевизиски гигант од Германија - Westdeutscher Rundfunk нарачал анкета во која меѓу другото испитаниците биле прашани „дали репрезентацијата треба да ја претставуваат повеќе бели играчи“?

Во пресрет на големото Европско првенство 2024 во Германија, селекторот на Германците Јулијан Нагелсман одговарал на новинарски прашања во неделата. Некој новинар го прашал што мисли за една анкета во која учесниците биле прашани дали би сакале „повеќе бели играчи во репрезентацијата“?

Во анкетата 21% одговориле потврдно.

„Расизам е. Мислам дека треба да се разбудиме. Многу луѓе во Европа мора да се селат... Во потрага по безбедна земја“.

Претходниот ден на истото прашање одговорил и лидерот на репрезентацијата, Јошуа Кимих од Баерн Минхен кој рекол исто: „Тоа е расизам“.

„Џош одговори многу добро, со многу чиста и промислена изјава. И јас го гледам тоа исто така. Тоа прашање е лудо. Има луѓе во Европа што мора да се селат поради војна, економски фактори, природни катастрофи, народ кој едноставно сака да биде примен. Треба да се прашаме што правиме ние во моментов? Ние во Германија работиме многу, многу добро и кога некој ќе каже ннешто такво, мисламд ека е лудост како затвораме очи и блокираме такви работи“.

Од германскиот јавен сервис АРД кој ја нарачал анкетата со цел да има мерливи податоци, откако новинарот кој работел на документарец за фудбал и различности неколку пати бил прашан околу составот на репрезентацијата.

Фудбалската репрезентација треба да биде пример како се обединуваат различни култури, религиска позадина и боја на кожа. Добро е како оди за сега. Играме Европско за секого во земјата и кој и да игра топ фудбал е повикан да биде член на репрезентацијата. Се надевам дека веќе нема да морам да читам такви срање анкети“, рекол германскиот селектор Јулијан Нагелсман.

За Германија која што е домаќин на Европското и која ќе отвори против Шкотска на 14-ти јуни во Минхен, играат неколку црномурни играчи и фудбалери со турско потекло. 

Во анкетата учествувале 1.304 испитаници.

„Резултатите се такви какви што се, но исто така се и мислење за социјалната ситуација во Германија денес. Спортистите се многу важен елемент во нашето општество, репрезентациајта е силен пример за интеграција“, рекол Карл Вокс, директорот на спортската редакција при АРД.

3 јуни 2024 - 12:07