Шпанскиот клуб Бетис го играше своето прво европско финале, во Лига на Конференции против Челси на стадионот во Вроцлав во Полска. Таму отпатувале 12-13.000 зелено-бели навивачи а дома на стадионот „Бенито Виљамарин“ преку 59.000 навивачи го гледале дуелот на 4 големи видео бима, од 4-те трибини. На голот во 9-та минута во градот како да имало земјотрес.
Бетис поведе во 9' минута преку Езазлули, тоа донесе огромна радост како во Вроцлав, така и во Севиља. Но Челси во вториот дел направи целосен пресврт и славеше 1-4.