Илјадници плишани мечиња за деца од навивачите на Партизан

На мечот меѓу Партизан и Виртус Болоња (75:77) во Евролига, навивачите на белградскиот тим направија прекрасен призор со илјадници фрлени плишани мечиња на паркетот, како новогодишен подарок за децата од социјално загрозените семејства. Притоа компанијата НИС (Нафтна индустрија Србије) најавила дека за секоја играчка на паркетот ќе донира по 1.000 динари за да се купи зимска облека и чевли за деца од социјално загрозените семејства.

29 декември 2023 - 11:57