Вандали го уништиле теренот пред дербито Партизан - Црвена звезда
Навивачи на белградските црно-бели веќе долги години се во војна со управата предводена од извршниот директор Милош Вазура чија оставка и одговорност бараат за катастрофалното водење на клубот. Партизан одамна е во мизерна состојба а кулминацијата беше летово кога испаднаа во квалификации за сите три еврокупа. Вечерва од 19:00 на стадионот „ЈНА“ треба да се одигра дербито Партизан - Црвена Звезда, но група вандали синоќа уништиле дел од теренот па прашање е дали дербито и како ќе се одржи.