Кога тренерите кои доаѓаат на гостување во Бодо Глимт во Норвешка тврдат дека амбиентот е толку специфичен што тука и еден Реал Мадрид би се лизнал, сите сметаат дека тоа им е само алиби за евентуален слаб резултат и пораз.
Жозе Мурињо како тренер на Рома изгуби 6:1 од Бодо Глимт во Норвешка и тоа беше еден од најтешките порази во историјата на Рома. Во квалификациите за Лига на шампиони, во последната рунда, Црвена Звезда во првиот меч на гости загуби 2-1 од Бодо Глимт (славеше на реваншот 2-0 и се пласираше во групна фаза).
Тренерот на Звезда Владан Милојевиќ тврдеше дека никогаш во живот не видел таков терен со специфична вештачка трева на која домаќинот буквално лета во контранапади додека публиката од малото стадионче е громогласна.
Овие зборови на Мурињо и Милојевиќ само го одразуваат она што го прави Бодо Глимт:
🇳🇴 Bodø/@Glimt at home in Europe since 2020:
— Nordic Footy 🏴 (@footy_nordic) September 25, 2024
✅6-1 v Kauno Zalgiris 🇱🇹
✅3-1 v Zalgiris 🇱🇹
❌2-3 v Legia Warsaw 🇵🇱
✅3-0 v Valur 🇮🇸
✅2-0 v Prishtina 🇽🇰
✅1-0 v Zalgiris 🇱🇹
✅3-1 v Zorya Luhansk 🇺🇦
✅6-1 v Roma 🇮🇹
✅2-0 v CSKA Sofia 🇧🇬
✅2-0 v Celtic 🏴
✅2-1 v AZ 🇳🇱
✅2-1 v… pic.twitter.com/e7qgL4B8ki
Норвешкиот клуб од северот на домашен терен од 2020-та година до сега на 31 натпревар во еврокупови има 25 победи и само 5 порази и 1 нерешена средба. Сите изгубени натпревари им се со само еден гол разлика.
На стадионот на Бодо Глимт паѓаа екипи како Порто, Рома два пати, Селтик, Динамо Загреб, Бешикташ, Црвена Звезда и многу други.
А мистеријата од северот на најубав начин ја долови и администратотор на профилите на Порто на друштвените мрежи со фотографија од фамозните бели ноќи на северот од Норвешка:
Бодо Глимт направи голема сензација откако со 3:2 го урна Порто кој е прогласен за главен фаворит за освојување на Лига Европа сезонава. Два гола и асистенција имаше Јенс Хауге, 24-годишниот крилен напаѓач и плејмејкер кој се проба во Милан па на кратко беше и во Ајнтрахт Франкфурт пред да се врати во татковината.
Интересно е што неколку главни фудбалери на Бодо Глимт заминаа во странство и се пробаа во топ лигите, но никаде не оставија голем впечаток. А во својот дом, во жолто-црниот дрес играат фантастичен фудбал.
Голманот Никита Хаикин кој е Русин, синоќа бил еден од најдобрите на теренот и покрај тоа што примил два гола. Токму тој со седум одбрани од кои четири директни шута во неговиот гол бил еден од хероите во победата. Тој во јануари 2023-та година преминал во англиски Бристол Сити во Чемпионпшип, но како и Хауге на крајот од март се вратил во Бодо Глимт каде претходно освоил три шампионски титули во Норвешка.
Во следното коло од Лига Европа Бодо Глимт ќе игра на гости со белгиски Јунион а Порто ќе го пречека Манчестер Јунајтед.