На 15 јуни во конференциска сала во зградата на НАТО во Брисел американскиот министер за одбрана, Остин Лојд, пред сите присутни бара објаснување од украинскиот министер за одбрана околу одлуките што се носат во првите денови од контраофанзивата, и посебно зошто не се користи западната опрема за чистење мини за да се овозможи поголем напад на оклопните единици или да се користи чад за криење на нивниот напредок.
Амстердам брои повеќе точаци отколку луѓе и иако во споредба со овдешните сообраќајни тромбози, тоа ни изгледа како научно-фантастична идила, две третини од луѓето не се чувствуваат безбедни кога се движат по град. Најголеми бељи прават електричните велосипеди и тротинети кои се понашаат ко кај нас сељаците со бесни коли.
Дороти Вигинс била уништена кога го загубила сопругот, но била решена дека ќе го живее животот и за кратко станува славна кога еден пријател почнал да ги снима нејзините авантури во Њујорк.
За само 78.000 долари годишно, студентите на Харвард ќе можат да ја изберат Тејлор Свифт како еден од предметите што го изучуваат на една од највисоко рангираните научни институции на светот.
Рускиот претседател ги повика Русинките да имаат осум или повеќе деца и да направат големите семејства да бидат новиот стандард, откако земјата повеќе од 30 години, од почетокот на 1990-те, константно има пад на популацијата.
Од јуни месец Зеленски на маса го има предлогот на украинската армија за мобилизирање на дополнителен број Украинци во вооружените сили. До сега тој го издржува притисокот на војската да го потпише истиот.
Тоа што луѓе и сега очи ќе си извадат во нервозите да најдат паркинг место (додуша, на нашите јунаци од „Богати и славни“ тоа не им е проблем), на климатските активисти не им пречи баш тоа да го посочат како решение. Кај нив секогаш чучела идејата, колку на луѓето им е полошо, толку на планетата ќе ѝ биде подобро.
Најверојатно нема во декември традиционално да видиме нова сезона од „Емили во Париз“, ама затоа Revolution пушти колекција шминки, да додавање на и онака недотрошените колекции собирани со години.
Маријана Буданова, сопругата на првиот човек на украинското воено разузнавање (ГУР), Кирило Буданов, била отруена, објавува Киев индепендент пренесувајќи информација претставник на ГУР кој останува анонимен до официјално соопштување на информацијата.
Откако ја отпуштија Мелиса Барера, а Џена Ортега не може да постигне да снима и тоа и „Среда“, продукцијата е соочена со креативен предизвик за продолжување на франшизата.
Израел не може да го уништи Хамас без да ги скине неговите финансии, и тоа ќе биде многу потешко отколку воените битки што се водат во моментов. Стотици милиони течат од разни страни а за споредба, Ал Каеда успеа да ја нападне и здрма Америка со само половина милион долари.
„Ние ќе владееме“ ноќеска изјави човекот кој речиси 30 години се носи со секакви заслужени и незаслужени етикети, кој е олицетворение на анти-исламското и анти-мигрантското движење во Европа, на чие убиство радикалните муслимани повикуваат од 2010, а од вчера и најверојатниот нов премиер на Холандија, Герт Вилдерс.
Триглав Осигурување воведе нов производ за осигурување на дом, Микро дом, кој што клиентите можат да го користат додека се на патување во странство. Микро осигурувањето на дом се склучува во рамки на полисата за здравствено-патничко осигурување.
За прославување на отворањето отпочна наградна игра „БИДИ ИН, РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МЕГАВИН“, 18 - 29.11.2023 година, со награди: автомобил BMW, патувања во Дубаи, гејминг лаптопи iPhone 14 Pro и со подароци за секој којшто ќе се регистрира заклучно со 29 ноември
Дали сите што сме прегорени од работа треба да се вклучиме во култ? Не, ама мало гратче во Швајцарија каде што правиш реконект со природата не звучи лошо.