Минатиот месец, принцот славеше 18 години во палатата Кристијансборг во Копенхаген. Ден после галата, данското кралско семејство објави фотографија на Инстаграм, со објаснување дека некоја гостинка оставила една штикла зад себе.
„Пепелашка ли си го заборавила чевелот синоќа?“
Или е заборавена откако е соблечена заради танцување (ви текнува на свадби во ‘90-те кога пола женски гости шетаа боси?), или некој си облекол патики, па се расшутирани под маса.
Или, едноставно, ѝ требал изговор да се врати во палатата, што излегува дека е полн погодок затоа што кралското семејство во објавата додава и:
„Сопственичката слободно може да нѐ контактира за да си ја земе.“
Може па и ќе нè информираат како се развиле настаните. За глувци и самовили, уште ништо не кажуваат.