- Словенечките пратеници едногласно усвоија заклучок за национална програма за безбедноста на патниот сообраќај за следните седум години.
- Според усвоената резолуција, во следните години, меѓу другото, би се прошириле зоните со ограничување до 30 км/ч, а предвидено е и намалување на дозволеното количество алкохол во крвта на 0,0.
- Освен тоа, резолуцијата предвидува заострување на законот за повторувачите на делата и можност за кревање на казните за предизвикување тешка сообраќајна несреќа поради алкохол или дроги од 13.500 евра на 130.000 евра.
- Против Екрем Имамоглу, притворениот градоначалник на Истанбул, се покренати 142 обвиненија за корупција, за кои е предвидена вкупна казна од 2.340 години затвор.
- Обвиненијата на вкупно 3.700 страници се однесуваат на случаи за проневера, измама и перење пари. Покрај Имамоглу, уште 402 лица од криминалната организација „октопод“ се обвинети за предизвикување штета од вкупно 160 милијарди лири (3,3 милијарди евра) во изминатата деценија.
- Целта на организацијата, според обвинителите, била преземање контрола врз Републиканската партија и собирање фондови за претседателската кампања.
- Имамоглу, кој е во притвор од 19 март, ги отфрла сите обвиненија и тврди дека е жртва на политички прогон, како главен противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
- Руската амбаасдорка во Софија смета дека постапките на бугарските власти кон Лукоил се „избрзани и правно сомнителни“ и дека со законот за државно преземање на конртолата на Лукоил тие играат „многу рискантно“ и прават „опасен преседан.“
- Елеонора Митрофанова кажа дека со законот за специјален управител на рафинеријата, кој беше усвоен „брзо во две читања“, не само раководството на рафинеријата, туку и акционерите и сопствениците на компанијата ќе бидат лишено од управувачки права. Притоа, сите одлуки на управителот, вклучително и оние во врска со евентуалната продажба на рафинеријата, не подлежат на административна или судска контрола.
- „Останува да се види како ќе функционира тој закон но во моментов тоа изгледа како експропријација на туѓ имот,“ вели амбасадорката.
- Рафинеријата на Лукоил „Нефтохим Бургас“ е една од најсовремените во Европа, снабдува приближно 80% од пазарот на горива во Бугарија и извезува енергенси во соседните земји.