ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Левица, ЛДП, ДОМ, Гром и Зелен Хуман Град гласаа ЗА и без ниту еден глас против, за Вардар да добие финансиска промош од Град Скопје. Градоначалничката ќе решава колкава ќе биде сумата.
Двократниот европски првак ги запали моторите за новата сезона која им стартува против бундеслигашката пречка Рајн Некар за влез во Европа. Во Јане Сандански има многу промени.
Во Скопје постои врвна анегдота дека при гостувањето на Рома за дуелот со Вардар во Куп на УЕФА 2003-та година, легендарниот тренер Фабио Капело од домаќините во Скопје побарал да го однесат во некоја антикварница. Го однеле во Стара Чаршија а таму некој го препознал и наеднаш се створиле стотици луѓе да се сликаат со големиот дон Капело. Едвај го извлекле. Исто го снајде и Фирмино кој потпиша во Саудиска Арабија.
По стартот на акцијата за продажба на сезонски карти, Комити заедно со тројца фудбалери на Вардар одржаа прес конференција за да ја запознаат јавноста со состојбата на клубот и плановите за иднина.
Саудиска Арабија станува епицентар на светскиот фудбалски крем. Откако таму заминаа Кристијано Роналдо и Карим Бензема, секојдневно стигнуваат вести за нови астрономски милионски договори. Саудијците не жалат милиони за да ги примамат познатите светски ѕвезди. Меѓу нив ќе бидат и двајца наши стандардни репрезентативци.
Навивачката група Комити како нови газди на ФК Вардар кои целосно го преземаа клубот, ја стартуваат првата акција пред стартот на сезона. Нудат сезонски билети од 1.000 денари за сите домашни натпревари. Парите ќе одат во касата за функционирање на клубот.
ФК Вардар ги запали моторите и почна да се спрема за кам бекот во прволигашката конкуренција. Се вратија на Градски, нивниот дом со децении и уште на првиот тренинг добија голема поддршка од Комити.
22 годишниот Косуке Јашихура е првиот јапонскиот ракометар кој ќе заигра за Вардар. Пристигнува како среден бек од Полска, од тимот на Висла Плоцк, а претходно во дресот на Ним ја импресионираше француската публика со начинот на кој се реши да изведе удар од 7 метри.
Европската куќа на ракометот по повод 30 години од своето постоење, ја отвори Куќата на славните во која влегоа 60 големи имиња кои оставија голем траг во ракометот. Меѓу нив и нашата најголема легенда.
Само неколку дена откако го славеа пласманот во втората македонска фудбалска лига, Винари одновно блеснаа со ново пиротехночко шоу овој пат за РК Вардар Неготино. Ја добија најважната битка на сезоната, а тоа е бараж дуелот за опстанок во Суперлигата против Драчево. Легендарниот Петар Ангелов Диви блесна со 13 одбрани од кои 11 во првиот дел, а има 46 години.
По макотрпната работа околу помош и логистика, како и безрезервна поддршка на секој меч, Комити со силно темпо продолжија да се борат за Вардар и по остварувањето на целта, а тоа е кам бекот во Првата македонска лига.
ФК Вардар Неготино, Тетекс и Башкими обезбедија пласман во втората македонска лига. Тиквешијата се гледа дека сака фудбал. Неготинчани направија фешта и со големо славје го одбележаа успехот.
Битолски Еурофарм Пелистер убелдиво со 35-26 го совлада Тиквеш во последното коло од македонската Суперлига и ја освои шампионската титула, прва после цели 18 години кога „зелено-белите“ доминираа по домашните паркети.
„Сѐ најлошо што може да постои во фудбалот ние го доживеавме и преживеавме. Немавме топки, вода и услови за тренинг. Сѐ беше мачење. Секоја мака, секоја нервоза, дали ќе тренираме или не, а имаше денови кога не трениравме, после ова вредеше“.