- „Она на што сум најгорд по оваа прва сезона е силината на колективот што го создадовме во Алкалоид. Добрата хемија меѓу играчите и стручниот штаб знаеше да ја прекрие младоста и неискуството на голем дел од нашите млади играчи“.
- „Една од најважните работи за постигнување успех е да се има дисциплина, а ние имавме дисциплина и желба за тренинг кај 99% од играчите. Секој тренер би посакал да има ваков тим што е подготвен да тренира и по 24 часа на ден ако се побара од нив“.
- „Во РК Алкалоид со странец би покриле позиција во тимот каде што во моментов немаме домашен играч што може да одговори на она што го бараме, особено ако се знае дека ќе играме на три фронта (домашно првенство, СЕХА и Европа), но приоритет ни остануваат македонските играчи и нивниот развој.
- „Ме загрижува темпото на игра на голем број екипи во македонското првенство, треба да знаеме дека со ваков ритам на натпревар нашите екипи во Европа не можат да бидат рамноправни со нивните противници. Се игра доста бавно и стерилно, мораме да работиме сите за да се промени овој тренд и сите домашни тимови заедно со тренерите да ја убрзаат играта“, вели Кире Лазаров во интервју за ЕКИПА.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.