- „Денот го започнуваме со одлична вест. За нешто повеќе од 24 часа, собрани се повеќе од 500 000 денари, од акцијата за продажба на членски карти.
- Радува фактот што, се поголем број на навивачи, ја препознаваат важноста на акцијата и моментот.
- Купи членска карта, и не дозволувај твоето место на стадионот да остане празно“, велат Комити кои целат на полн стадион.
- Фудбалскиот сојуз на Албанија објави дека се кандидирал за организација на завршен турнир на Европско првенство за млади фудбалери до 21 година во 2027-ма година.
- Од фудбалскиот сојуз на Албанија додаваат и дека ќе му се обратат на фудбалскиот сојуз на Србија со желба двете федерации заеднички да организираат Европско затоа што немале доволно стадиони кои ги задоволуваат највисоките европски стандарди.
- Албанија во последните години бележи одлични резултати, се пласираа на две Европски првенства (2021 и 2024). Со сојузот кај нив раководи Арманд Дука кој е воедно и еден од потпретседателите на УЕФА. Тирана беше домаќин на финале на Лига Конференции во 2023 а во 2025-та ќе организира и Европско У-15.
- Македонија и официјално го доби првиот спортист кој ќе настапи на Олимписките игри во Париз кои се одржуваат летово од 26 јули до 11 август.
- Се работи за нашиот атлетичар Дарио Ивановски, кој според ранкингот на World Athletics во моментов е на 78. место во дисциплината маратон.
- Ивановски е сопственик на националниот рекорд, остварен пред три месеци на маратонот во Севиља со време од 2 часа, 8 минути и 26 секунди, што е апсолутно најдобро време во историјата на Македонија.