Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, беше на свечената церемонија во Виена, каде беше собран европскиот ракометен крем заедно со претседателот на РФМ Живко Мукаетов.
Нашата легенда е во друштво со Унгарецот Ласло Наѓ и Исланѓанецот Олафур Стефансон како први десни бекови кои влегоа во Куќата на славните, како и единствен Македонец.
Инаку избрани се 60 ракометари и ракометарки, а меѓу нив легендарни имиња како Арпад Штербик, Талант Душебаев, Ивано Балиќ, Тиери Омејер, Драган Шкрбиќ, Момир Илиќ, Даниел Нарцис, Штефан Кречмар, Гудјор Валур Сигурдсон, Филип Јиха, Виктор Томас...
Лазаров направи кариера од соништата со освони 56 трофеи во 8 клубови: Овче Поле, Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Барселона и Нант.
Во сезоната 2014/2015 со каталонскиот тим ја освои Лигата на шампионите и сè уште го држи приматот на најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување.
Страшни бројки оствари и на репрезентативно ниво. За Македонија има 236 меча и 1.728 гола и успеа да стане најдобар стрелец на СП 2009 и ЕП 2012.
Инаку во женска конкуренција во Куќата на славните влегоа македонската снаа Едуарда Аморим Талеска, која три години играше за Кометал Ѓорче Петров, како и Ања Алтхаус, која беше член на ЖРК Вардар.
More top players and legends! Enjoy the blue carpet!
— European Handball Federation (@EHF_Activities) June 26, 2023
✨ #EHFExcellenceAwards
📲 https://t.co/ZuEqO6DGMJ pic.twitter.com/HCIZxEGH5Y
Strike a pose, it's time for the blue carpet! 💙
— European Handball Federation (@EHF_Activities) June 26, 2023
✨ Get ready for an amazing night!#EHFExcellenceAwards pic.twitter.com/WhU1RzkkRm