Сопственикот во заминување Слободан Крстевски со потпис и печат ги предал акциите на Вардар во рацете на Комити, што значи дека навивачите стануваат и раководство на најтрофејниот македонски клуб.
Најновите случувања во Вардар ги открива новинарот Мијалче Дургутов кој ги пласира на својот Јутјуб поткаст.
За процедурата да се истурка правно потребни се неколку дена, а со овој потег значи дека најверните навивачите на Вардар стануваат целосен сопственик на клубот за кој жестоко се бореа финансиски и логистички за да се врати во прва лига.
Дургутов тврди дека клубот располага со буџет меѓу 600.000 и 1 милион евра само за првата полусезона, а потоа ќе се утврди буџетот за 2024-та.
Вардарци ќе ги почнат подготовките утре со почеток од 18 часот на стадионот Борис Трајковски во Маџари, а во меѓувреме се поздравија со Давор Серафимов кој заминува во Шкупи за трансфер од 14.500 евра.