Комити пред три недели ја стартуваше големата акција за помош на ФК Вардар со продажба на сезонски карти за само 1.000 денари.
Но освен нивната големата заложба и труд да стигнат до резултати и да соберат што повеќе пари за клубот и да го исполнат Градски, темпото со продажба очигледно оди бавно, но и тивко.
За сега не гледаме поддршка, па и јавен повик од поранешни фудбалери и тренери на Вардар кои можат да потегнат.
Голманот на Вардарци е револтиран.
„Каде сте сите Вардарци што се удирате во гради а ве нема никаде. Каде сте легенди на клубот кои викате дека многу го сакате а ве нема никаде ?! Каде сте бивши фудбалери и тренери? Нели и вие го сакате Вардар како што зборите само на уста а тешко ви е да купите еден сезонски билет за клубот кој ве створил ?! Каде сте хејтери што седите дома и пишувате коментари а немате срце да одвоите 1000 денари за Вардар. Каде сте големи газди, фирми, компании, дијаспора? Жално...
Жално да не можеме да го наполниме Градски стадион како што доликува на најголемиот бренд во Македонија. Голема срамота!
Кога би се одвивала ваква акција во клубови како Звезда, Партизан, Хајдук, Динамо можеме да замислиме каков би бил одзивот. А Вардар не е ништо помал клуб од нив, но за жал тука кај нас има многу луѓе кои се удираат во гради и кажуваат приказни а ги нема никаде кога треба да се покажат на дело. На крајот една благодарност до навивачка група Комити!
Едeн живот една љубов!“, напиша Гачевски на Фејсбук
Он лајн карти имате тука.