Иницијативата за помош на ФК Вардар ја поднел докторот Никола Пановски и ја поддржале скоро сите советници во Град Скопје.
Гласале 34 „за“, само еден имало „воздржан“ и ниту еден „против“.
Оваа одлука значи дека Вардар треба да добие пари од градот, а за сумата ќе одлучува градоначалничката Данела Арсовска.
Инаку, ова е втора иницијатива на град Скопје за помош на Вардар. Пред околу осум месеци беше изгласно да добијат 250.000 евра, но тогаш одлуката не помина во Министерство за финансии.
„Денес покажавте дека сте достојни да ги претставувате Скопјани, денес покажавте дека знаете да бидете обединети за интересите на Народот! Вардар е Клуб на Народот! Народот ќе ви биде благодарен за вашата храброст, инстинкт, визионерство... Можеби сепак има надеж за Македонија ! Ајде заедно сите да бидеме победници!“, напиша во дел од реакцијата Милорад Миленковски, кој како претставник на Комити ја следеше седницата.