- РК Вардар оди по стапките на ФК Вардар и за престојната сезона ќе пушти во продажба сезонски билети за 1.000 денари.
- „Благодарност до Комити, ќе ни бидат потребни и тоа како оваа сезона. Без навивачите нема мотивација да играте, ни треба полна сала посебно со Рајн Некар. И ние како ФК Вардар, исти навивачи навиваат за нас, под иста капа сме, воведуваме сезонска карта без оглед колку ќе играме во Европа, како ќе биде во македонското првенство“.
- „Ги повикуваме навивачите да купат сезонски билети, како што тоа го прават за фудбалскиот клуб и да го помогнат ракометниот клуб, за ракометарите да не играат пред 200-300 гледачи, туку пред две, три, четири илјади навивачи“, рече Емил Угриновски, на денешната прес конференција во функција на претседател на неизвршни директори на Вардар.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.